19 Април, 2024
1.6203

МАЈКРОСОФТ ГО ДОБИВА ПРВИОТ СИНДИКАТ НА РАБОТНИЦИТЕ - рокот за гласање е до крајот на декември

Објавено во: Економија 07 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Околу 300 работници за обезбедување квалитет во студиото за игри „ЗениМакс“ во сопственост на „Мајкрософт“ се во процес на гласање за формирање на првиот синдикат во технолошкиот гигант, потврдија организаторите за „Си-Ен-Ен бизнис“.

Работниците се организираат со синдикатот на Communications Workers of America (CWA) и имаат рок до крајот на декември да гласаат за тоа. Мајкрософт се согласи да го признае синдикатот доколку мнозинството работници гласаат за него, според CWA.

– Му честитаме на „Мајкрософт“ што остана неутрален низ овој процес и им дозволи на работниците сами да одлучат дали сакаат синдикат – рече претседателот на „CWA“ Кристофер Шелтон во изјава за „Си-Ен-Ен бизнис“.

- Другите гиганти за видео игри и технолошки гиганти направија свесен избор да ги поткопаат намерите и да ги деморализираат своите вработени кога ќе се здружат за да формираат синдикат. Мајкрософт направи поинаков избор, кој служи како модел за другите, во корист на својата корпоративна култура, своите вработени и клиентите - додаде Шелтон.

Организацискиот напор во студиото за игри доаѓа во време на поширокото будење на работната сила што избувна во големите компании во технолошката индустрија и пошироко, вклучувајќи ги и работниците во малопродажба и магацини во Amazon, Apple и Starbucks. Некои компании како Амазон досега одбиваа да ги признаат правата на работниците кои гласаа за формирање синдикат.

Понудата на синдикатот во подружницата на Мајкрософт, сепак, се издвојува од некои други бидејќи Мајкрософт претходно вети дека ќе ги признае правата на работниците за организирање. Претходно оваа година, Microsoft склучи договор за неутралност со CWA, кој исто така ги поддржува организационите напори на работниците во Activision Blizzard, гигантот за игри што Мајкрософт се согласи да го купи за 68,7 милијарди долари. Овој договор сè уште чека одобрување од регулаторите.

„Си-Ен-Ен“ известува дека во изминатата година, секторот за игри забележал поголем притисок од работниците да ги подобрат условите на работното место по голем број контроверзии поврзани со исцрпувачкиот баланс помеѓу работата и животот, нееднаквоста во платите, лошата стабилност на работните места и други поплаки за културата на работното место.

Портпаролот на „Мајкрософт“ изјави за „Си-Ен-Ен Бизнис“ дека нејзиниот неутрален однос кон организациските напори на вработените во „ЗениМакс“ е „пример за нашите работни принципи“. Тој рече дека „Мајкрософт“ останува посветен на „да им даде можност на вработените слободно и чесно да донесуваат одлуки за нивната застапеност на работното место“.

(Извор: Инвеститор)

Можеби ќе ве интересира

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет