18 Април, 2024
0.0278

МАКЕДОНЦИ РАСКАЖУВААТ: Еве како е сега во Катар

Објавено во: Македонија 09 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Македонци кои се на работа во Катар, во време кога земјата се соочува со изолација од повеќе арапски земји,  велат дека животот таму функционира нормално.

Иако имаше најави дека Катар има залихи  храна за месец  дена, Македонка  која веќе две години е во Катар објаснува дека на рафтовите во продавниците има сѐ.

„Ситуацијата е нормална, се живее најнормално. По рафтовите има сѐ. Сѐ е во ред. Ништо лошо не се случува и сѐ функционира нормално. Ако не беше така верувајте дека јас веќе ќе се вратев дома. Во Катар знам дека има неколку девојки од мојот град кои тука се дојдени да работат. Mеѓу луѓето кои живеат во Катар, а не се странци првиот ден имаше паника за храна, но сега нема ништо. Медиумите малку ја преувеличија работата. Инаку овде повеќето се странци, а жителите на Катар не работат ништо и се многу богати. Има Индијци, Филипинци, Еѓипќани, Мароканци, Тунижани, Европјани, “ – додава таа.

Друга млада  девојка од внатрешноста вели дека засега нема некои посериозни проблеми и сигнали на криза, но ако вака продолжи, обемот на работа ќе се намали и ќе стагнираат вработувањата. Оние кои се вратиле во татковината и користат одмор, нема да летаат преку Саудиска Арабија до Катар, туку преку Иран со што летот ќе трае малку подолго.

„Храна има. Никој од колегите не се пожалил за нешто. Сѐ се одвива најнормално. Сега како што знаете дека е криза, а не може да биде тоа поголема криза од онаa на Балканот, работата ќе се намали. Нема да примаат многу луѓе како порано. Тоа е најново“ – вели И.Ј.

Освен Македонци, во Катар има и многу Срби кои таму заминале поради работа и високи плати. Српските работници исто потврдуваат дека состојбата во земјата е под контрола и нема сериозни проблеми и потешкотии засега, но повеќе детали не смеат да даваат затоа што потпишуваат договор и се обврзуваат на дискреција.  Платите се движат од 600 евра за луѓето од Индија и Филипини кои се слабо платени, а нашите луѓе таму заработуваат по 1200 евра. Најголеми плати земаат Европејците кои се ценети работници. 

Светските медиуми пишуваат дека Катар која е земја со 2.5 милиони жители од кои 90% се странци, ќе се соочи со недостиг на храна. 

Иако Катар е една од најбогатите земји во светот, ако почнат да се повлекуваат инвеститорите, веќе нема да биде иста. 

Саудиска Арабија, Египет, Бахреин и ОАЕ ги прекинаа дипломатските и другите врски со обвинување дека Катар поддржува тероризам. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

Маричиќ со „дипломатски“ коментари на предлозите на Османи за Сребреница и Отворен Балкан

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„Алкалоид“ најпосакуван работодавач за 2023 година – апсолутен победник според „Вработување.ком“

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ПРОЛЕТ ВО МАВРОВО“: Снежно утро на Бистра

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ВЕНКО, ЗОШТО ПАК ВО ПОЛИТИКА, МЕСТОТО НА ДОКТОРИТЕ Е ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ?“: Филипче одговори на прашањето што сите си го поставуваат

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„ОВА НЕ Е НОРМАЛНО ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО СКОПЈЕ“: Кејот под мостот Гоце Делчев претворен во паркинг!

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух

„АКО ИМЕТО ЗАПАДЕН БАЛКАН ВИ ЗВУЧИ ПОГРДНО, ЗАГАДЕН БАЛКАН Е 100 ПРОЦЕНТИ ТОЧНО“: Д-р Нико Беќаровски објави поразувачка листа, Македонија втора во Европа по загаден воздух