24 Април, 2024
0.0255

Македонците купуваат онлајн два ипол пати повеќе од Европејците

Објавено во: Економија 30 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Една четвртина од населението во земјава или 25 отсто од граѓаните купувале онлајн во 2018 година, покажуваат податоците од Народната банка која ја објави годишната информација за плаќањата во земјава во 2018 година. Во извештајот стои дека купувањето преку интеренте станува сѐ позастапено, при што процентот на население во земјава кое купува преку интернет се зголемува од 5 отсто во 2012 година на 25 проценти во 2018 година.

„Тоа е речиси два и пол пати под просекот на ЕУ, иако 81 отсто од населението користело интернет, што е релативно близу до просекот на ЕУ каде интернет користат 87 отсто од населението, пишува Народната банка.

Инаку, платежните картички издадени во земјата, лани најмногу се употребувале во трговијата за вршење плаќања на физичките места на продажба или вака се извршени  64 проценти во вкупниот број трансакции со платежни картички. Граѓаните сепак повеќе преферираат да ги вадат парите од картичките наместо да купуаат со нив. 

„Користењето на платежните картички за повлекување готовина од банкоматите е сè уште високо, но нивното учество во вкупните трансакции со платежни картички забележа годишно намалување од 3 процентни поени и изнесува 33 отсто во 2018 година. Учеството на трансакциите со платежни картички за вршење плаќања кај интернет-трговијата е на ниско ниво и минатата година изнесува 3 отсто, стои во Извештајот. 

Минатата година, вредноста на плаќањата извршени од физичките и правните лица (коишто ги исклучуваат платежните трансакции помеѓу Народната банка, банките и штедилниците) забележа годишен раст од 10,2 проценти и изнесуваше 3.813 милијарди денари. 

Можеби ќе ве интересира

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

ГЕРМАНСКИ СИНЏИР ГИ ОТВОРА СВОИТЕ ПРВИ СУПЕРМАРКЕТИ ВО СРБИЈА - еве каде сѐ ги има и каква храна ќе се продава

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

„Лесно е да креирате политика со 2.500 евра, тешко е да преживеете со 22.500 денари“: Трендафилов - ќе бараме зголемување на минималната плата

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Ангелоски: Кога ќе прогласите неработен ден во среда, негативно сте ја решиле цела недела

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

Пазарен и трудов инспекторат утре ќе контролираат кој работи

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска