Македонците не веруваат во интернет закупени одмори: Само 13 проценти од граѓаните резервирале онлајн
Објавено во: Македонија 21 Август, 2019
Најголем процент на резервиран одмор преку интернет направиле граѓаните на Луксемург, покажуваат податоците на Евростат, во 2017.
Веднаш после нив, се Финците со 65 проценти, додека 64 % од Германците преку интернет го резервирале својот годишен одмор.
Најмал процент на закажан одмор преку интернет направиле корисниците од Бугарија и Романија со 17, односно 18 отсто.
Евростат според своите податоци за онлајн закажан одмор од корисници на интернет во земјава регистрирал само 13 проценти.
Граѓаните на возраст од 16 до 24 години поретко го планираат својот годишен одмор преку интернет, исто така и повозрасните граѓани меѓу 64 и 74 години.
Најголем број резервации се направени од луѓе на возраст меѓу 25 и 34 години.
Додека во земјава, најголемиот процент на резервации преку интернет за одмор се направени од граѓани на возраст меѓу 25 и 34 години.
Од Балканот најголем број на корисници кои го закажале својот одмор преку интернет се Словенците со 489 %.