Македонците од година в година летуваат се помалку во Грција, а лани потрошиле 114 милиони евра, што е за 26,3 отсто помалку во однос на 2018, според податоците на Банката на Грција, објави Институтот на Здружението на грчки туристички бизниси, ставајќи акцент на патниот туризам.
Истовремено се намалил на годишно ниво и бројот на туристи од Македонија и бројот на ноќевања. Во 2019 Грција ја посетиле 948.000 македонски државјани, а бројката е за 20 проценти помала во споредба со туристите во 2018 кога имало 1.187 000. Просечно Македонецот трошел 121 евро, од кои за ноќевање 48 евра.
Во последните пет години се бележи константен пад на прометот у претстојувања од страна на македонските туристи во грчките летувалишта, ла така во 2014 тој бил рекордни 261 милиони евра, а во 2015 бележи 245 милиони евра кога имало рекордни 3.018.363 посети од Македонија.