Македонците пушат убедливо најевтини цигари во регионот
Објавено во: Економија 10 Септември, 2018
Метод на Светската здравствена организација за цените на цигарите низ целиот свет покажа дека брендовите што Македонците ги пушат се најевтини во регионот, објави НУМБЕО, центарот кој ги споредува трошоците за живот во сите земји. Според овие извори, најдобвро может да се споредат тришиците за цигари ако за споредба се земе брендот „малборо“
Пушач е најскапo да се биде во Австралија, а од почетокот на септември за кутија цигари треба да се издвои повеќе од 17 евра, а уште две зголемување на цената во следните две години се планирани. Пушачи во оваа земја и во соседен Нова Зеланд, каде што цената на кутијата цигари е 14,8 евра, секако им завидуваат на Украинците, кои можат да го купат истиот бренд за 0,91 евро.
Најевтините цигари во регионот можат да купат Македонците (1,95 евра), додека најскапи се во Хрватска (3,50 евра). Во Косово, Србија, БиХ и Црна Гора кутија е од 2,40 до 2,60 евра. Во Албанија се 2,37 евра, а во Бугарија 2,81.
Во Европа, од Македонија поевтини цигари има само во Турција, Русија, Украина и некои други екс-советски земји.
Најскапи во Европа се во Норвешпка, Ирска, Велика Британија и Исланд со цени од 10,32 до 11,54 евра.