25 Април, 2024
0.0280

Македонците со двојно повеќе „дебели“ кредити, купуваат поскапи недвижнини и автомобили

Објавено во: Економија 19 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Околу 30 илјади кредити исплатени kaj банките биле со вредност од над 15.000 евра минатата година, покажуваат извештаите од кредиторите испратени до Управата за финансиско разузнавање во 2018. Конкретно вакви се 29.793 кредити, што е речиси двојно повеќе од последната евиденција за 2015 кога од страна на македонските поединци и фирми биле подигнати 16.455 кредити со вредност од над 15.000 евра.

Банките и другите финансиски институции се обврзани да ги пријавуваат сите кредити над 15.000 евра во Управата за финансиско разузнавање, исто како тоа што мора да го направат со сите трансакции поголеми од оваа сума и евидентирани позајмици. Се поголем е бројот и на поскапите недвижнини, автомобили и осигурителни полиси што ги купуваат.

Зголемување има и кај купувањето на недвижнини, односно на имот со вредност поголем од 15.000 евра што се заверува кај нотар. Во 2018 имало 26.970 акти, заверени потписи на договори и потврдени приватни исправи за вредности над оваа сума. Тоа значи дека Македонците купувале, односно продале за 9.500 повеќе станови, куќи, плацови, деловни простории од 2015-та, кога таквиот тип на пренос на сопственост изнесувал 17.455 на број.

Зголемен е и бројот на купопродажби на нови возила поскапи од 15 илјади евра. Први сопственици на возила со над таа вредност лани биле 4.951 лице. И овдека има знааен раст во однос на претходните три-четири години, со тоа што тогаш фирмите и поединците купиле 3.765 нови мотоцикли, автомобили, камиони....

Во 2018 имало 234 склучени осигурителни полиси за животно осигурување со уплатени најмалку 15.000 евра за секоја од нив. Тоа е сигурно многу повеќе во однос на 2015-та кога се евидентирани 290 вакви полиси но во кои е вклучено и неживотното осигурување кое е многу позастапено од животното.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?