20 Април, 2024
0.0276

Македонците во Авганистан во агонија: Летовите преполни, ако Талибанците го окупираат Кабул ќе биде уште потешко

Објавено во: Македонија 14 Август, 2021

Добивај вести на Viber

Агонија за македонските државјани кои моментно се во Авганситан, период на тешко исчекување на нивните семејства овде. Иако не се соопштува колку нашинци се таму, факт е дека е доста тешко тие да се вратат назад. Во моментов има итна евакуација на странски државјани од сите земји, а комерцијалните летови се преполни. Каква ќе биде нивната судбина тешко е да се претпостави. Талибанците заземаат се поголема територија на Авганистан под контрола, а незапирливиот упад вчера продолжи со освојувањето на Кандахар, клучен трговски центар и втор по големина град во земјата. Македонското Министерството за надворешни работи вчера им препорача на сите граѓани на земјата да не патуваат во оваа држава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност - да заминат во најскоро можно време.

„Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732“, се наведува во соопштението од МНР.

Дел од семејствата чии роднини се таму с евикаат дека не можат да добијат конкретни информации за враќањето назад. Од МНР убедуваат дека во моментов нема пречки за напуштање на земјата, и досега не е пријавен ниту еден наш државјанин кој е во загрозена состојба, и/или кому му е потребна помош.

Според последните информации владините сили уште го контролираат аеродромот, кој беше главна американска база во Авганистан за време на дведецениската окупација, но остатокот од градот е во рацете на екстремистите, кои се приближија уште повеќе до заземање на главниот град Кабул и доведување на целата земја под нивна контрола.

Вчера, министерот за одбрана на Велика Британија, Бен Валас, оцени дека е загрижен дека „Авганистан се претвора во распадната држава која може да стане погодна почва за милитантите, како што е терористичката организација Ал Каеда, која најверојатно ќе се врати сега.

Пентагон соопшти дека ќе испрати 3.000 дополнителни војници во рок од 48 часа за да помогнат во евакуацијата на персоналот на американската амбасада. Се размислува и за преместување на службениците на меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул. Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, изјави дека дел од дипломатскиот кор ќе биде евакуиран, а сите американски државјани итно биле повикани веднаш да го напуштат Авганистан.

Прајс, сепак, нагласи дека амбасадата ќе остане отворена, ќе продолжи да одржува дипломатски односи со авганистанската влада и ќе обезбедува конзуларни услуги.


Можеби ќе ве интересира

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

ДУИ: Мицкоски и ВМРО јавно бараат Македонија без Албанци

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра