Македонците во Кина ќе можат без визи
Објавено во: Македонија 14 Март, 2018
Македонците во Кина наскоро ќе може да патуваат и престојуваат без визи, односно без претходно одобрување од страна на дипломатските претставништва со што значително ќе се олесни постапката за патување.
Република Македонија и Народна Република Кина ќе потпишат Спогодба за заемно укинување на визите за државјаните на двете земји.
Предлогот на Министерството за надворешни работи за потпишување на Спогодбата меѓу двете владите на двете земји, е усвоен на вчерашната на седница Владата.
Исто така на седницата е прифатен и предлогот за поведување постапка за водење преговори за потпишување спогодба за еднострано времено укинување на визите за краткорочен престој за државјаните на Република Украина, Руската Федерација, Азербејџан и Казахстан.