Македонец извршил бизарно убиство во Канада
Објавено во: Свет 15 Мај, 2018
Вчера започна судењето на Борис Пановски (73), канадски државјанин од македонско потекло кој е обвинет за убиство на извесен Дон Фриго и обид за убиство на неговата сопруга, Ева во септември 2014 година.
Причина за убиството, како што известуваат канадски
медиуми, била нетрпеливост помеѓу Пановски,
поранешен одгледувач и дресер на кучиња, и убиениот Фриго.
До 2006 Пановски бил успешен во својот бизнис, кој
наеднаш пропаднал по што му пропаднал и бракот.
Директен повод за осветата, како што се вели, бил тоа
што Фриго го сменил името на кучето–шампион што Пановски му го продал од Panovski
Silver во Bellfield Silver, што Пановски го сфатил како обид да му биде уништен
угледот.
Два дена по убиството на 13 септември 2014 година, Пановски заминал за Македонија,
но се вратил во Канада неколку дена подоцна, по што бил уапсен.