28 Септември, 2024
0.0266

Македонија 2025 објави повик за обука на наставници за ефективна настава по природни науки

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2023

Добивај вести на Viber

Македонија2025 објавува единствена можност за обука на20-25 наставници по природни науки во основните училишта во Македонија. Обуката се реализира како дел од соработката на Македонија2025 со компанијата Џонсон Мети, во рамки на програмата за влијание на заедницата „Науката и јас“.

Целта на проектот е да ги обучи наставниците по природни науки во руралните/урбаните основни училишта во Северна Македонија со вештини и техники за промовирање на интересот и амбицијата на учениците да ја сакаат науката и да ги изберат нивните идни кариери во науката. Во рамки на обуката, наставниците ќе добијат идеи и инструкции за тоа како да ја унапредат наставата со цел да го зголемат интересот и знаењето на младите во обалста на науката. Наставниците, заедно со своите ученици, ќе имаат и единствена можност да изработат и презентираат експерименти поврзани со науката на посебно организирани саеми за наука.

Силно веруваме дека преку наше заедничко вклучување и подобрување на капацитетите на наставниците ќе влијаеме на образованието на нашите деца. Токму затоа, оваа обука е достапна за наставници почетници кои реализираат настава по предметот Природни науки во 6. одделение. Оваа работилница ќе се фокусира на обучување со ефективни методи на настава по природни науки, вклучувајќи учење базирано на истражување, практични експерименти и учење базирано на проекти, сите усогласени со националните и меѓународните стандарди. Обуката ќе се реализира во соработка со Бирото за развој на образование.

Доколку сте посветен наставник/чка по природни науки во основните училишта во државава, што бара да ги подобри своите наставни вештини и да биде во тек со најновите образовни стандарди, во тој случај, не ја пропуштајте оваа можностпреку која ќе ја инспирирате следната генерација научници.

Придружете ни се во ова едукативно и инспиративно искуствоза да создадеме мотивирани ученици и посветла иднина!

Повеќе информации во однос на продобивките од оваа обука, критериумите за аплицирање и селекција може да најдете на следниов ЛИНК.


Можеби ќе ве интересира

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

Македонката која исчезна во Германија e пронајдена мртва

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Орбан се нуди да посредува меѓу Македонија и Бугарија, но Бугарите одбија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?