19 Јуни, 2021
0.0418

Македонија 2025 со поддршка за младите: Доделени десет стипендии за талентирани средношколци

Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2021

Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“ на меѓународната невладина организација Македонија 2025 додели 10стипендии на талентирани млади за тековната 2020/21 година. Стипендирањето на десетте средношколци им овозможува континуиран развој на талентот и вештините преку финансиска поддршка, менторство, учество на меѓународни натпревари, обуки, како и пракса во истакнати компании. Стипендиите се обезбедени преку донации и соработка со корпоративните и индивидуални партнери на организацијата Македонија 2025.

За таа цел, Македонија 2025 одржа онлајн настан за доделување на стипендиите. На настанот, Комитетот за избор на стипендистите, составен од истакнати членови на деловната заедница и тимот на Македонија2025 им честитаа на овие млади лица за добивањето на стипендиите.

Вашата возраст е возраста кога големите луѓе се издвојуваат од малите, возраст на која лидерите се издвојуваат од просечните. Не чекајте, бидете амбициозни и размислувајте над границите поставени од општеството , истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, директор и косопственик на Image PR и член на Комитетот за избор на стипендистите.

Во март 2021 година, Македонија2025 објави отворен повик за нови апликации за 2021/22 година, како дел од програмата „Таленти денес - Лидери утре“. Вкупно 139 лица се пријавија на отворениот повик и од нив беа избрани 10 стипендисти, врз основа на критериумите кои беа наведени во повикот.

Покрај стипендијата, Македонија2025 заедно со своите партнери ќе обезбеди постојана поддршка преку можности за менторство, обука и пракса во некои од најпознатите компании во Македонија.

Ве молиме, обратете ни се за каква било дополнителна поддршка. Користете ги ресурсите што ние во Македонија2025, можеме да ги обезбедиме - можности за менторство, обука, пракса, итн. “ потенцираше Никица Мојсоска Блажевски, извршен директор на Македонија2025.

На овој начин, Македонија2025 активно придонесува за развој на инклузивно општество и ги поддржува младите во земјата да го постигнат својот целосен личен и професионален потенцијал.


Можеби ќе ве интересира

51 милиони евра за проектно финансирање на „Богословец“, првиот приватен проект за ветерен парк во Северна Македонија

51 милиони евра за проектно финансирање на „Богословец“, првиот приватен проект за ветерен парк во Северна Македонија

НЛБ Банка и Виза Генерални спонзори на најновиот долгометражен филм на Милчо Манчевски „Кајмак“

НЛБ Банка и Виза Генерални спонзори на најновиот долгометражен филм на Милчо Манчевски „Кајмак“

„Авицена лабораторија“ ги намали цените на тестовите за ковид-19

„Авицена лабораторија“ ги намали цените на тестовите за ковид-19

China Mobile Hebei и Huawei ја претставија 5G сеприсутната Гигабит мрежа во затворен простор

China Mobile Hebei и Huawei ја претставија 5G сеприсутната Гигабит мрежа во затворен простор

Горјан Јовановски, еко-активист: „За 10 години сите ќе дишеме планински воздух“

Горјан Јовановски, еко-активист: „За 10 години сите ќе дишеме планински воздух“

Халкбанк со ново намалување на каматните стапки на станбениот кредит - 2,9% во првите 5 години и 3,3% во следните 5 години

Халкбанк со ново намалување на каматните стапки на станбениот кредит - 2,9% во првите 5 години и 3,3% во следните 5 години

Ново во Sport Life: Експерт за типување

Ново во Sport Life: Експерт за типување

Како брзо и ефикасно да ги надоместете изгубените течности при дијареа и повраќање?

Како брзо и ефикасно да ги надоместете изгубените течности при дијареа и повраќање?

Дали си успешен лидер? Дознај како стратешки да се позиционираш и да го достигнеш врвот во менаџментот

Дали си успешен лидер? Дознај како стратешки да се позиционираш и да го достигнеш врвот во менаџментот