МАКЕДОНИЈА ЧЕКА: Уште колку земји треба да го ратификуваат Протоколот за НАТО?
Објавено во: Македонија 12 Јули, 2019
Уште осум земји треба да се изјаснат позитивно до комплетна ратификација на Протоколот за НАТО.
Македонија е сè поблиску до полноправно членство во НАТО. Протоколот за членство е ратификуван и во парламентите на Турција и на Чешка. Шефот на турската делегација во Собранието на НАТО, Осман Ашкин, на неговиот профил на Твитер напиша дека Турција ќе продолжи да ја поддржува Македонија.
Чешка е 21 земја која го ратификуваше протоколот.