Македонија доби 530 милиони евра заем од ММФ

Објавено во: Економија 22 Ноември, 2022
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека на Македонија ѝ одобрил заем од 530 милиони евра за да ѝ помогне да се справи со последиците од пандемијата на ковид-19 и ефектите од војната во Украина. Според двегодишниот аранжман, ММФ веднаш ќе префрли 110 милиони евра, по што ќе следат повеќекратни исплати, под услов Скопје да се придржува до условите од договорот.
„Северна Македонија беше погодена од два последователни глобални шока. Додека заздравуваше од пандемијата, ситуацијата повторно се влоши по руската инвазија на Украина и наглото зголемување на глобалните цени на суровините“, се вели во соопштението на ММФ.
Шефот на ММФ, Бо Ли, ја пофали „здравата политичка рамка“ во земјата пред пандемијата, велејќи дека таа поттикнала солиден и широк раст, со умерен јавен и надворешен долг.
„Сепак, макроекономската ситуација значително се влоши поради пандемијата и ценовниот раст на суровините“, кажа Ли.
На 16 ноември, македонското Собрание го усвои Предлог-законот со кој на земјава ќе и стојат на располагање 530 милиони евра средства од Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ, како и уште 20 милиони евра според усвоениот Закон за задолжување кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, по Договорот за заем за финансирање на Проектот за градење ефективни, транспарентни и отчетни институции за управување со јавните финансии. Законот предвидува Македонија да има пристап до 530 милиони евра, од кои до крајот на годината треба да се повлечат 110 милиони евра, а наредната 155 милиони евра. Тие се за справување со последиците од енергетската криза и поддршка на граѓаните и стопанството во претстојната зима.
Министерот за финансии Фатмир Бесими кажа дека Инструментот за претпазливост и ликвидност е воспоставен во 2011 и е наменет за земјите членки на ММФ, со здрави основи и политики и докажана практика за имплементација, кои во даден момент може да имаат и потреба од финансирање заради одредени ризици.
Тие ќе се користат во наредните 24 месеци. Рокот на отплата на средствата што ќе се повлечат е утврден на три години и три месеци од повлекување на износот, а каматната стапка во овој момент изнесува од 3,66 до 4,66 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Chinadaily: Експертите велат дека податоците од услугите го потврдуваат закрепнувањето

ИСПЛАТАТА ЌЕ ПОЧНЕ ОВОЈ МЕСЕЦ - еве кој сѐ ќе земе пари од владината помош, законот усвоен и пратен на усвојување по скратена постапка

БРУТО ПЛАТА ОД ИЛЈАДА ЕВРА - странците во зоните сѐ подобро ги плаќаат нашите работници
НА ПАЗАРОТ НИКОГАШ ДОСЕГА НЕ ВЛАДЕЕЛА ТАКВА БИТКА ЗА СЕКОЈ РАБОТНИК КАКО СЕГА - еве што кажа хрватската директорка на Здружението на работодавачи
ФИСКАЛНО ОДРЖЛИВ И ТАРГЕТИРАН: ДЕВЕТТИ ПАКЕТ АНТИКРИЗНИ МЕРКИ ЗА ПОДДРШКА НА НАЈРАНЛИВИТЕ И СТОПАНСТВОТО

ГОЛЕМ ТРГОВСКИ ЛАНЕЦ ИСПЛАТИ 300 ЕВРА БОЖИЌНИЦА - најавуваат и значително зголемување на платите во идната година

СРПСКА КОМПАНИЈА ОБЈАВИ ДЕКА МОРА ДА ОТПУШТИ ДОСТА РАБОТНИЦИ - прв пат поминуваме низ нешто вакво, тешко е да се отпуштат добри луѓе

МЕТА И IBM ЛАНСИРАА АЛИЈАНСА - таа ќе ја промени вештачката интелигенција

ЗА САМО ТРИ ГОДИНИ КИНА СО ОГРОМЕН НАПРЕДОК: Фокус на зелениот развој и климатските активности
