19 Април, 2024
0.0331

Македонија добива милијарда евра од емиграцијата, странските пензии зголемени за два и пол пати

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Македонија добива една миијарда евра годишно од нашите сонародници кои работат и работеле во странство годишно, според пресметката во национаната стратегија за соработка изработена од Министерството за дијаспора, а објавена од Агенцијата за иселеништво.

Најголем дел од финансиската структура отпаѓа на неформалното внесување готовина или кеш преку други неофицијални канали. Обемот се зголемил од околу 173,5 во 2003-та на 531 милиони евра, доколку тие претставуваат 50 отсто од девизите на менувачкиот пазар. Порастот на нето девизните дознаки кои доаѓаат преку банките и брз трансфер на пари од 2009 до 2016 година е зголемен за 27,3 отсто, иако темпото е намалено во однос на порано поради порастот на семејната емиграција, како и намалувањето на растот на платите во реалниот сектор во глобални рамки. Другите приватни трансфери кои во голем дел доаѓаат врз основа на пензии и инвалиднини на граѓани кои работеле во странство се зголемил за два и пол пати и се поголеми од нето дознаките.

Нашите иселеници и работници во странство најголем дел од девизните дознаки и девизните приливи од дијаспората ги користат за лична потрошувачка. Повеќе од 60 отсто се трошат за тековни трошоци, плаќање сметки и секојдневни потреби на нивните семејства дома. Само 16 отсто од парите се за инвестиции во недвижен имот.  За образование се даваат 6 проценти од тие пари, а 5 отсто за плаќање на долгови. Само мал дел од дознаките се користени за инвестиции во постојни или нови бизниси, додека истражувањата на УСАИД покажуваат дека 15 проценти од дознаките можат да бидат насочени кон продуктивни инвестициски активности.

Најголем дел, односно околу 60 отсто од девизните дознаки на дијаспората доаѓаат од европските земји на прием и тоа: Германија (23%), Италија (22%), Швајцарија (11%), Австрија (5%). Тоа во основа соодветствува со емигрантските текови од Македонија во овие европски земји. 

Податоците од меѓународните организации, националните пописи во земјите каде што Македонците емигрираат и нашиот завод за статистика велат дека вкупниот број на наши граѓани во странство денес достигнува повеќе од 700000 лица, од кои, според податоците од пописите на населението и од официјалната статистика на САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, бројот на Македонци во овие прекуокеански земји изнесува околу 183000 лица. Австралија, Италија, Германија, САД и Швајцарија останаа петте земји на прием со најголем број на имигранти од Македонија. 

Бројот на децата (0-14 години) во европските земји на прием се зголемил од околу 30.650 на 58.000 во последните десет години. Од нив со најголем пораст се издвојуваат децата од 0-5 години (во 2016 година нивниот број достигнува 21.828). Истовремено, континуиран пораст бележи и бројот на лицата на работоспособна возраст (15-64 години), а кој во 2016 година изнесува околу 207000. Од нив една третина (33,8 проценти) се млади до 29 години. Бројот на повратници изнесува: 543 лица во 2006 година, 303 во 2010, 490 лица во 2013 и само 283 лица во 2016 година. 

Според податоците на Еуростат бројот на наши граѓани во странство постари од 65 години (пензионери) во 2016 година изнесува околу 16000 лица и е за три пати поголем од оној во 2007 година. Според податоците на Еуростат, бројот на граѓани од Македонија кои престојуваат во европските земји се зголемил од 240.500 лица (2014) на околу 281000 (2016 година), односно за околу 40.000 лица. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите