25 Април, 2024
0.1396

МАКЕДОНИЈА Е НА ВРВОТ СПОРЕД СИВАТА ЕКОНОМИЈА, НА РАБОТНАТА СИЛА И НЕДОСТИГААТ ВЕШТИНИ - што ни порачаа клучните финансиери ЕИБ и ЕБОР на Самитот

Објавено во: Економија 14 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Претставници на нашите најзначајни финансиски поддржувачи, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, имаа значајни пораки за земјава на денешниот Самит на Западен Балкан, организиран од Економист.

Порачаа дека мора да се зголеми поврзаноста меѓу земјите од регионот, дигитализацијата, транзицијата кон зелена енергија, а да се намали неформалната економија и да се зголемат вештините на работна сила.

Регионот напредува во поглед на дигитализацијата, но се уште не можеме да кажеме дека напредува во поглед на висината на БДП по глава на жител. Во тој поглед регионот се уште е далеку од Европската унија, констатираше на денешниот Самит на Западен Балкан Матео Ривелини од Европската инвестициска банка.

Според него, не постои ниту напредок во поглед на тоа колку економскит раст е достапен за сите граѓани.

Од тие причини Европската инвестициска банка е постојано тука за да му помогне на Западен Балкан.

Две полиња на напеедок се клучни што треба да се постигнат. Првото е да се направат големи инвестиции, за што се преземаат многу иницијативи и проекти.

Втората работа, пак, што е клучна, тоа е поврзаноста.

„Притоа не мислам само на транспортот кога зборувам за поврзаноста. ЕИБ инвестираше милијарди евра во транспортната инфраструктура и на ова поле сакаме уште повеќе да се ангажираме. Но, кога станува збор за поврзаноста, треба да се постигне напредок и од аспект на дигиталната поврзаност“, рече Ривелини.

Една од клучните работи според него, е и зелената транзиција во енергијата, што се однесува на обезбедување на електрична енергија од извори кои не загадуваат, а ЕИБ, како климатска банка, тоа секако дека го поддржува.

„Свесни сме дека регионот има термоелектрани кои го загадуваат воздухот, а испуштањето на јаглерод од термоелектраните нема граници, не е само во регионот. Така што, потребен е ангажман за таа зелена агенда и тоа треба правично да се обезбеди“, рече Ривелини, додавајќи дека ЕИБ е ангажирана и на финансирање на системот за отпадни води на реката Вардар во земјава.

Тој го спомена и фактот колку малите и средни претпријатија се значајни за регионот, и колку е неопходен за нив пристап до финансирање.

„Не ме сфаќајте погрешно, регионот е поплавен со ликвидност, но има потреба од диверзификација и на тоа треба да се фокусираме“, рече Ривелини.

Според него, земјите од Западен Балкан треба да се фокусираат и на реформи кај јавната администрација, а има многу простор за подобрување и во делот на јавните набавки кои се финансираат со европски средства.

„Всушност, вкусната балканска кујна сакаме да ја видиме во Европа што поскоро“, рече Ривелини.

Анди Аранитаси од Европската банка за обнова и развој рече дека фокусот на оваа банка е до 2025 година дури 75 отсто од нивните средства да се насочат кон приватниот сектор, односно кон малите и средните претпријатија.

„Но, клучниот проблем на малите и средните претпријатија во земјите од регионот е нивната ниска конкурентност, и проблем е како тие да влезат во глобалните синџири на ЕУ. Сега ова практично е како да се играат квалификации пред светско првенство, и малите и средни претпријатија треба да ја зголемат својата конкурентност. Факт е дека малите и средни претпријатија сочинуваат 95 отсто од бизнисите во регионот, а треба да се соочат со многу поголеми и покрупни бизнис во Европа. Можеби овие фирми не обезбедуваат голем раст на БДП, но отвораат голем број работни места, и затоа не е добро тие да создаваат загуби“, рече Аранитаси.

Според него, најголем предизвик за овие фирми е нелојалната конкуренција, а во земјите од регионот неформалната економија достигнува дури и до 40 отсто.

„Северна Македонија е на врвот на тој список и тоа е најголемиот предизвик и пречка за бизнисите, и реформите треба да се насочат во таа област“, рече Аранитаси.

Нагласи дека ЕБОР и ЕУ обезбедуваат грантови и финансирање за малите и средни претпријатија, но и тие треба да покажат креативност.

„Третиот проблем е недостигот на вештини на работната сила и тоа е најголема пречка за конкурентноста, и потребни се реформи во средните училишта за совладување на вештините. Тоа е голем проблем. Дури една третина од младите во земјава се или необразовани или не располагаат со доволно вештини, а тоа е многу важно за конкурентноста на фирмите“, нагласи Аранитаси, додавајќи дека во овој регион има многу трудоинтензивни дејности, и затоа треба да се работи на додавање вредност на секторите, за да се зголеми конкурентноста.

Многу е битно компаниите да работат и на енергетска ефикасност.

Значи, пораката е компаниите да се концентрираат на технолошка иновативност и додадена вредност, но и да добијат полесен пристап до финасирање, а секако уште поважна е нивната апсорпциона моќ за тие финансии.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија