MAКЕДОНИЈА ГЛАСА: Граѓаните ќе го изберат десеттиот парламентарен состав
Објавено во: Македонија 15 Јули, 2020
Во земјава утрово започна гласањето за избор на десеттиот парламентарен состав.
Денеска 1.814.263 граѓани од 7 часот па до 21 може да гласаат.
Гласачите оваа година може да избираат меѓу 15 изборни листи и 1.560 кандидати за пратеници.
Изборите се одржуваат под посебен протокол поради епидемијата на коронавирусот.Ќе мора да се носат маски на избирачкото место и да се држи растојание.
Вчера гласаа затворениците и болните, а завчера заразените од вирусот и луѓето кои се во самоизолација.