16 Април, 2024
0.0265

Македонија го гради побргу Коридорот 8 од Бугарија

Објавено во: Економија 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Од бугарска страна во моментов не се планираат експрес патишта помеѓу македонско-српската границата и Софија, тврди бугарски Капитал, констатирајќи дека Македонија повеќе напредува на ова подрачје.

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) ќе ја финансира модернизацијата на патната мрежа во Македонија со 10 милиони евра. Средствата ќе бидат насочени кон изградба на дел од патот на Коридорот VIII меѓу Крива Паланка и Деве Баир до бугарската граница, за кој неодамна премиерот на земјата Зоран Заев најави дека се обезбедени дури 58 милиони еврапреку кредитни линии од Светска банка.

Се очекува продолжување и реконструкцијата на 13-километарската делница да почнат во почетокот на 2019 година Сега патот е во лоша состојба и има само по една лента за движење во насока што го прави движењето тешко, бавно и опасно.

Досега ЕБОР има инвестирано 30 милиони евра во предизвикот наречен Коридор VIII, кој треба да го поврзе Црното со Јадранско Море преку Бугарија, Македонија и Албанија. Трасата сепак е далеку од целосно завршување и епопејата за неговата изградба продолжува веќе долги години (има дури документарен филм по прашањето). Освен тоа таа веќе има постоечка конкуренција, откако Грција го изгради "Игнација Одос" - долгиот автопат од турската граница до Јонското пристаниште Игуменица.

Во јуни оваа година, премиерот Заев го означи почетокот на изградбата на автопатската делница од Коридорот VIII меѓу Ранковце и Крива Паланка. Патеката има должина од 23 км и нејзината изградба треба да биде завршена до 2021 година.

"За нас Коридорот 8 е многу важен - тој го поврзува Јадранското со Црното Море. Нема да застанеме. Енергично ќе ги исполниме овие значајни проекти", истакна тогаш Заев.

Во исто време, и покрај присуството на фондовите на ЕУ и значително поголем буџет, Бугарија заостанува критично со патната поврзаност со Македонија. Нема реални планови за автопатска врска меѓу автопатот Ќустендил и Софија или автопатот Струма.

Не постои железничка врска помеѓу Софија и Скопје. За изградбата на таква се зборува со децении, но и до денес нема значителен напредок, иако проектот беше вклучен во договорот за добрососедство и разбирање меѓу Македонија и Бугарија во 2017 година

На почетокот на оваа година Министерството за транспорт на Македонија доби финансиска помош во износ од 108.1 милиони евра од Европската унија за изградба на железничката врска со Бугарија - делницата од Крива Паланка до Деве Баир. Плановите се изградбата да биде завршена во 2025 година  До 2027 година, пак, бугарската страна се обврза исто да ја доврши линијата од Ќустендил до Ѓуешево.


Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?