29 Март, 2024
0.0289

Maкедонија го празнува Св. Климент Охридски, политичарите упатија честитки

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Maкедонија го одбележува Св. Климент Охридски. 

По повод празникот  Св. Климент Охридски – 8 Декември  денеска делегации на Собранието, Владата и на повеќе други институции и организации ќе положат цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во НУБ „Св. Климент Охридски“.

Во состав на владината делегација ќе бидат министрите за образование и наука, Арбер Адеми, за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски и министерот задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски.

Собраниската делегација ја сочинуваат потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски и пратеничките Ирена Стефоска, Весна Дамчевска-Илиевска и Владанка Авировиќ.

Во Собранието ќе биде доделена државната награда „Св. Климент Охридски“, како  највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија. 

Премиерот Зоран Заев по повод 8 Декември, празникот Свети Климент Охридски, упати честитка до граѓаните кои го слават името и делото на големиот просветител и духовник. 

„Во мое лично име и во името на Владата на Република Македонија, на сите православни верници, на Синодот на МПЦ-ОА и на сите граѓани кои го слават делото Климентово, упатувам честитки по повод големиот христијански празник – Св. Климент Охридски со желби за радосен и благословен празничен викенд. Свети Климент Охридски основоположник на македонската црковна и народна духовност, и патрон на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, бил еден од најблиските и најревносните соработници и соучесници во мисијата на светите Кирил и Методиј во Моравија за описменување на народот. Инспирираат страдањата што ги поднел во својот подвиг, зашто го водела вербата во доброто што го правел и останал доследен на обврската што ја чувствувал како човек, да го продолжи делото на неговите учители, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета“, наведува Заев во честитката. 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, испрати честитка по повод празникот Св. Климент Охридски, до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. 

„Дозволете ми, од свое име и од името на граѓаните на Република Македонија, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква, на преподобното свештенство, како и на сите православни верници во земјата и во странство, да Ви упатам најискрени и најсрдечни честитки по повод големиот празник Св. Климент Охридски. Овој празник е посветен на првиот македонски архиепископ и најдаровитиот ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски“, наведува Иванов. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, упати честитка до граѓаните на Република Македонија по повод големиот Христијански празник – Св. Климент Охридски.

„Денес го чествуваме големиот просветител Св. Климент Охридски,  најголемиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Како дел од основоположниците на словенската писменост и литература, светите браќа Климент и Наум имаат огромен придонес кон светската наука и култура“, наведува Мицкоски. 

Вели дека создавањето на кирилското писмо кое просветли многу народи е дел од плодовите на неговата работа, дело кое за век и векови ќе остане врежано во светското културно наследство. Додава дека неговото дело е вградено во секоја буква која што ќе ја напишеме и во секој збор што ќе го изговориме.

Можеби ќе ве интересира

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

„ДАЛИ Е ВИСТИНА ДЕКА СЕ ШТЕДИ НА ИНФУЗИЈА ЗА ДЕЦА И СЕ БАРА МИТО“ - лидерот на Левица со прашање за велешката болница

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“