МАКЕДОНИЈА ИЗГУБИ ПОЗНАТ ЏЕЗ МУЗИЧАР - по кратко боледување почина Александар Николовски-Луј

Објавено во: Македонија 08 Декември, 2021
По кратко боледување на 48 годишна возраст почина џез музичарот, трубач и професор по труба Александар Николовски.
„Александар Николовски работеше како наставник по труба во ДМБУЦ Илија Николовски-Луј, со голема љубов и посветеност кон инструментот и учениците, за да ги насочи и запознае со музиката и светот од другата страна на животот,поблескавата. Беше тивок и свој, без многу муабети, ишаретите ни ги кажуваше преку очите или гримаса и се беше јасно. Воглавно една добрица од човек,колегијален и секогаш спремен за убави нешта“, се вели во дел од соопштението од колективот.
Александар Николовски свиреше со голем број џез и латино бендови. Настапуваше на голем број музички џез фестивали со разни музичари и музички формации. Тој потекнува од музичко семејство, чии родители Благоја и Марија Николовски беа познати и признати македонски музички уметници, а неговата сестра Сузана долгогодишен музички соработник во програмите и емисиите на МРТВ.
Еден од неговите последни настапи беше на минатогодишниот „Џез фестивал 2020“ во Куманово, од чиј извадок се простуваме од прерано згаснатиот живот на македонскиот музички уметник.
Можеби ќе ве интересира
Го бркале низ паркинзи во Ѓорче Петров и пукале по него

„НАШИТЕ КОРЕНИ НОСАТ САМО ЕДНО ИМЕ, ГОЛЕМИОТ АЛИ АХМЕТИ“ - за Шкодране Дардишта, лидерот е семоќен
КАКОВ ОКТОМВРИ ЌЕ ИМАМЕ? Еве што велат метеоролозите

„ДАЛИ МОЖЕШ ДА МЕ ПОГЛЕДНЕШ ВО ОЧИ И ДА НЕГИРАШ ДЕКА ОД МЕНЕ БАРАШЕ ДА ДОГОВОРИМЕ СРЕДБИ ЗА ИЗМЕНИ НА КРИВИЧЕН?“ Трајковски распали по Груевски

Ова е состојка која повеќето ја консумираат, но не знаат дека е „тивок убиец“

СЕЗОНСКИ ГРИП НЕМА, ВАКЦИНИТЕ СЕ ТУКА: Ковид има сè повеќе, но „паксловид“ нема
„ИЛИ ЌЕ СЕ ДРЖИМЕ ЗАЕДНО, ИЛИ ЌЕ ПОТОНЕМЕ ЗАЕДНО“: Пратеникот на СДСМ, Костовски, со апел до социјалдемократите

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби притвор, платформата за родова еднаквост бара одговорност за фемицидот

Осомничениот за убиството на жената во Кочани доби 30 дневен притвор
