24 Април, 2024
0.0279

Македонија ќе биде домаќин на Меѓународниот балкански вински натпревар

Објавено во: Мои пари 21 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

На Меѓународниот балкански вински фестивал, кој годинава се одржа во Софија, Бугарија, од 17 до 19 септември 2020, беше соопштено дека во 2021, Меѓународниот балкански вински натпревар ќе се организира во Скопје, со што нашата земја ќе биде домаќин на реномирани меѓународни вински судии и експерти кои ќе го вршат оценувањето на вината што учествуваат на натпреварот.

Балканскиот регион е на петто место во светот според производството на вино, веднаш зад најголемите земји-производители на вино: Италија, Франција, Шпанија и САД. На Меѓународниот балкански вински натпревар годинава учествуваа 100 винарници од балканските земји, кои ги претставија квалитетот и уникатноста на своите вина.

„Чест и задоволство е за нас како здружение и како земја производител на врвно вино да бидеме домаќини на овој меѓународен вински натпревар следната година. Тоа е и во согласност со нашите активности за поинтензивно промовирање на Македонија како земја со долгогодишна традиција и квалитет во производството на вино. Одржувањето на еден ваков натпревар ќе придонесе да се потенцираат потенцијалите на македонското вино. Дополнително, здруженото градење на балкански вински бренд и соработката меѓу земјите во оваа сфера е од голема полза за градење на свесноста за вината од овој дел на Европа и освојувањето на странски пазари, а токму ваков натпревар е одличен инструмент за промоција на балканските вина“, изјави Елена Младеновска – Јеленковиќ, директор на здружението „Вина од Македонија“.

Меѓународниот балкански вински натпревар и фестивал традиционално се одржуваше во Софија, Бугарија, а од годинава беше воведен нов систем на организација на овој значаен вински настан, според кој натпреварот на вината од балканскиот регион секоја година ќе се одржува во различна земја, со цел да се прошири опсегот и да се вклучат сите земји производители на вино од Балканот. Прва земја-домаќин на натпреварот од воведувањето на новиот начин на организација е Србија, при што годинава овој натпревар се одржа во Белград.

Македонските винарници постигнаа значителен успех на годинешниот Меѓународен балкански вински натпревар, освојувајќи речиси 50 медали, при што: „Tikvešи „Tikveš Châteaux&Domaines“ освоија вкупно 16 медали, меѓу кои и специјална награда за најдобра автохтона црвена сорта, „Камник“ се закити со 10 медали, како и специјална награда за најдобро црвено вино од Македонија, „Стоби“ беше наградена со 10 медали, „Бовин“ освои 5 медали, „Шато Сопот“ доби 3 медали,„Ерос“ освои 3 медали, додека „Марков“ освои 1 медал.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка