19 Април, 2024
0.0407

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА ЗАЕВ: Почнува самитот на НАТО, неколку важни теми на маса

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Лидерите на 30 членки на НАТО ќе се соберат денес на самитот во Брисел за да одлучат за реформите на Алијансата до 2030 година, што вклучува прилагодување кон предизвиците како што се активности за дестабилизација на Русија, подемот на Кина, терористички закани, сајбер напади и климатски промени.

„Собирот на 30 светски лидери е клучен момент за нашата Алијанса и нашата колективна безбедност“, рече генералниот секретар Јенс Столтенберг на прес-конференција во петокот, обраќајќи се на темите на кои ќе се обрати Самитот.

Ова е прв самит на НАТО на кој ќе присуствува новиот американски претседател eо Бајден, чиј избор им донесе олеснување на сојузниците по четири бурни години под власт на поранешниот претседател Доналд Трамп. Претходниот жител на Белата куќа го нарече НАТО застарена организација, се закани дека ќе ги напушти САД и го доведе во прашање втемелениот принцип на колективна одбрана.

Затоа, клучната порака од овој самит ќе биде обновување на заложбата за трансатлантско единство и зајакнување на врските што беа сериозно разнишани за време на мандатот на Трамп. Бајден веќе ја поништи одлуката на Трамп да ги повлече американските трупи од Германија.

Соединетите држави се клучна членка на НАТО, трошат скоро два и пол пати повеќе на одбраната од сите други сојузници. Според податоците за 2020 година, САД одвоиле 717 милијарди долари за одбрана, а на сите други сојузници 311 милијарда долари.

Клучна тема на самитот се реформите на Алијансата, иницијатива наречена НАТО 2030. Тоа е „амбициозна трансатлантска програма за одбрана и безбедност“, рече Столтенберг.

Реформите вклучуваат зајакнување на политичките консултации меѓу сојузниците, зајакнување на колективната одбрана и зајакнување на отпорноста на инфраструктурата и синџирите на снабдување.

На самитот ќе бидат усвоени седум документи: заедничка изјава, план за реформи на НАТО до 2030 година, план за акција за влијанието на климатските промени врз безбедноста, документи за сајбер одбрана, спречување на сексуално насилство и зајакнување на отпорноста и извештај за товарот на трошење на одбраната.

Генералниот секретар Столтенберг најави формирање нови центри за поттикнување на технолошката соработка меѓу сојузниците, поддржана од нов Фонд за иновации за поддршка на стартапи.

Лидерите на НАТО, исто така, треба да се согласат да подготват нов Стратешки концепт, кој ќе го вклучи воениот подем на Кина за прв пат како предизвик.

На самитот лидерите треба да ја реафирмираат целта сојузниците да одвојат два процента од нивниот БДП на одбраната до 2024 година. САД продолжуваат да инсистираат на ова, иако веќе не беа толку агресивни како што тоа го правеше поранешниот претседател Трамп.

Уште во 2014 година, сојузниците поставија цел да ги зголемат трошоците за одбрана на најмалку два проценти од нивниот БДП до 2024 година, од кои 20 проценти за воена опрема.

Според последните податоци објавени од НАТО во петокот, оваа година оваа цел ќе ја исполнат 10 членки: Грција, САД, Хрватска, Велика Британија, Естонија, Летонија, Полска, Литванија, Романија и Франција.

Столтенберг уште во февруари предложи зголемување на заедничкиот буџет на НАТО, кој инаку е многу мал, и во моментов изнесува 2,57 милијарди евра. Столтенберг не спомена бројки за тоа колкаво треба да биде зголемувањето, а според некои информации станува збор за 20 милијарди долари, што ќе му обезбеди на НАТО поголема флексибилност во соочувањето со предизвиците.

Зголемувањето на заедничкиот буџет е едно од најчувствителните прашања и не се очекува одлука на овој самит.

Според неофицијални информации, сојузниците се претежно претпазливи, бидејќи тие прво сакаат да испитаат што точно значи зајакнување на заедничкото финансирање. Меѓу најпретпазливите е Франција, која предупредува на можните негативни последици од зајакнувањето на сојузничкиот буџет на плановите за одбрана на ЕУ.

На самитот ќе се разговара и за Авганистан и поддршка за Украина и Грузија.

„На нашиот самит во понеделник, ќе имаме далекусежни дискусии и ќе донесеме значителни одлуки за да ја направиме нашата Алијанса посилна и да продолжиме да гарантираме безбедност за милијарда луѓе“, рече Столтенберг.

Македонија за прв пат зема учество како полноправна членка

Нашата земја за прв пат ќе земе учество на самитот во Брисел како полноправна членка на Алијансата а ќе ја претставува премиерот Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени