19 Април, 2024
0.0272

Македонија ќе почека за членство во НАТО, во Шпанија се закомпликува ситуацијата уште повеќе

Објавено во: Свет 11 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

По вчерашните парламентарни избори во Шпанија, ситуацијата со обезбедување парламентарно мнозинство и формирање Влада уште повеќе се искомпликува, така што Македонија ќе треба да почека уште некое време за да стане официјална членка на НАТО.

Сите земји-членки на Алијансата треба да го ратификуваат пристапниот протокол за Македонија да влезе во клубот, но Шпанија, за која се верува дека ќе биде последната држава која ќе го бстори тоа, најпрво треба да обезбеди стабилен парламент.

Шпанската социјалистичка работничка партија на премиерот Педро Санчез, доби најмногу гласови на вонредните парламентарни избори одржани денеска, но помалку од претходните избори во април. Тоа се сепак недоволно за составување на Влада, покажаа првичните излезни анкети откако во 20 часот беа затворени избирачките места. 

Се очекува Санчез да има меѓу 114 и 119 пратеници, но за формирање Влада е потребно да обезбеди 176 пратенички мандати, а за мнозинска влада не успеа ниту да коалицира со левичарската и идеолошки блиската Унидас Подемос, која исто така освои помалку пратенички места.

Конзервативната народна странка е на второто место според анкетите со добиени меѓу 85 и 90 пратенички мандати, што е голем раст во однос на претходните избори, а на третото место дојде идеолошки блиската ВОКС, екстремно-десничарската партија  која треба да добие 56-59 места и да има речиси двојно подобар биланс.

Ова за нас битно прашање, во Шпанија е закочено со месеци поради политичката криза во земјата и неможноста да се конституира Влада по последните избори кои се одржаа во април.

Формирањето нова влада во Шпанија, а со тоа и ратификувањето на протоколот за зачленување на Северна Македонија во НАТО, се чинат уште понеизвесни од досега по денешните парламентарни избори како што покажуваат излезните анкети, 

Овој сооднос само дополнително ќе ја нагласи фрагментираноста во парламентот, што повторно води во период на преговори за формирање влада чиј епилог е крајно неизвесен. Денешните беа петти избори во Шпанија по 2015 година.

За ратификацијата на пристапниот протокол на членувањето на Македонија во НАТО потребно е јасно дефинирано мнозинство во парламентот, воспоставување на работните тела на парламентот и формирање влада за процедурата да може да започне.


Можеби ќе ве интересира

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА ЕПСКАТА ПОПЛАВА ВО ДУБАИ! Еве зошто поплавите направија хаос - експертите се загрижени

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

КАКО ИЗРАЕЛ СТАНА СТАРТАП НАЦИЈА? Еве што се крие зад израелското стартап „чудо“

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

(ВИДЕО) КАТАСТРОФАЛНИ ПОПЛАВИ ВО РУСИЈА: Поплавени се 18.000 куќи

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

СПРЕЧЕН АТЕНТАТ НА ЗЕЛЕНСКИ: Уапсен е полски државјанин

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАПАД ВО ФРАНЦИЈА: Две девојчиња повредени со нож во близина на училиште

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НАЈДОБРА НОВИНАРСКА ФОТОГРАФИЈА: Палестинка плаче и го гушка мртвото тело на нејзината 5-годишна внука во Појасот Газа

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

ДАЛИ СО „СЕЕЊЕТО“ ОБЛАЦИ, ДУБАИ САМИОТ СЕ ПОТОПИ?: Користат техники за создавање облаци, еве што велат анализите

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами

НАЈВИСОК СТЕПЕН НА ТРЕВОГА: Алармантно во Индонезија, по ерупцијата на вулканот евакуирани 1.500 луѓе, се стравува од цунами