20 Април, 2024
0.0272

МАКЕДОНИЈА НА МАПАТА НА СВЕТСКИТЕ ЦЕНТРИ - двете најтешки трансплантации достапни и во земјава

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Универзитетската клиника за хематологија е пример дека македонското здравство овозможува унифицирани услуги и третман со ист квалитет како современите европски центри и кога станува збор за лекување на најтешки заболувања на крвта. Во изминатата година и пол се извршени 16 алогени несродни трансплантации од европскиот регистер на доброволни донори и 4 алогени полуидентични трансплантации, информира Министерството за здравство.

Првата несродна трансплантација на матични хематопоетски клетки во нашата земја е спроведена во ноември 2018 година на Универзитетската клиника за хематологија. Оваа постапка, која претставува најсовремена метода за лекување малигни хематолошки заболувања, тогаш првпат стана достапна во јавното здравство. По само неколку месеци, во јануари 2019 година, на Клиниката за хематологија првпат беше изведена алогена полуидентична трансплантација, уште една сложена процедура од областа на хематопоетските трансплантации.
„Со воведување  на овие две нови здравствени услуги се подигна квалитетот на јавното здравство и Република Северна Македонија влезе на мапата на светски и европски медицински центри за лекување на најтешките заболувања на крвта. Двете најтешки хематопоетски трансплантации станаа достапни во нашата земја, со што пациентите за овие здравствени услуги повеќе не се упатуваат во странство, со што се овозможува поголема достапност на овие здравствени услуги за пациентите и помала оптовареност на здравствениот буџет“, велат од министерството.
Додаваат дека со својата стручност и професионалност Клиниката за хематологија застана рамо до рамо со најразвиените европски центри, а воедно се воспостави систем преку кој знаењето од нашите лекари се пренесува на идните генерации здравствени работници во нашата држава.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан