Македонија на новиот проширен список со дозвола за влез во Црна Гора
Објавено во: Балкан 29 Мај, 2020
Македонија се најде на новиот проширен список на земји чии државјани ќе може да патуваат во Црна Гора од 1 јуни без самоизолација и карантин.
Владата го објави дополнителниот список на предлог на Институтот за општо здравје на Црна Гора на кој се придодаваат уште осум земји за кои се смета дека се блиску до критериумот на 25 активни случаи на заболени од Ковид-19 на 100.000 жители.
Покрај Македонија, тука се уште Косово, БИХ, Хрватска, Албанија, Словенија, Унгарија и Грција, но не и Србија.
Ова го потврди Милутин Симовиќ, вицепремиер и шеф на Националниот координативен штаб за справување со корона вирусот на Црна Гора.
Србија на ова реагираше дека критериумите не се според епидемиолошката ситуација и дека во овој случај во Црна Гора не би требало да патуваат ниту Германци и Полјаци.