25 Април, 2024
0.0399

МАКЕДОНИЈА НА УДАР: Годишни загуби од стотици милиони евра поради квотите за челик

Објавено во: Економија 17 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Најмалку 100 милиони евра ќе губат македонските компании и фирми поради квотите за челик кои остануваат на сила уште три години.

Ова станува јасно од последната одлука на Европската комисија која одлучи ограничувањата кои веќе 10 месеци се во сила да продолжат и во следните три години.

Неуспешни беа лобирањата на економскиот директор на Макстил и претавник од Владата кои пред неколку месеци беа во Брисел да ја убедуваат ЕУ да ги укине високите царински давачки за овој метал штом ќе истече ограничената квота.

Станува збор за мерки според принципот "ерга омнес", без оглед на потеклото и се однесуваат на 26 категории на производи од челик. Се тврди дека овие мерки може да се преиспитаат и да се променат во случај на променети околности.

Покрај Макстил, директно погодени се Миттал Стил, Дојран Стил, и двете фабрики за цевки во Куманово и Кавадарци ФЗЦ и ИГМ.

Европската Унија воведе контрамерки за трговијата со алуминиум и челик откако такви прв воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Тој го ограничи увозот на вакви производи од Кина и од ЕУ, ама ова сега ќе ги погоди и македонските производители.

Заев охрабрува...

Воведувањето квоти за увоз на челик да не биде демотивирачко за домашните компании беше пораката на премиерот Заев која ја упати првиот пат откако беа воведени квотите.

Како што кажа премиерот во одговор на новинарско прашање Фокусот на Владата останува комплетно насочен кон поддршка на компаниите и не е потребна паника.

-Станува збор за просекот од трите последни години, зголемен за пет проценти. Проблемот е што сега е квота и компаниите генерално се плашат една од друга некој да не го зафати делот и на другите компании и ние тука може да менаџираме. И секеко, им стоиме на располагање, да им бидеме сервис. Имаме и дополнителна квота, таа глобалната, која доколку било која земја не ја искористи ние да можеме дополнително да ја искористиме. Проблемот е што преку квотите, не може да се исполнат оние амбициозни планови, што се направени од страна на компаниите, а кои се многу поголеми од просекот од трите претходни години. Тука е проблемот. Но, верувам дека ако овие планови имаат тенденции, и сакам да ги охрабрам да продолжат со своите планови, секој пат ќе се изнајдат решенија, рече Заев потенцирајќи дека Македонија блеска во очите на ЕУ  и  оти секој пат разбирање мора да имаме.


Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?