„Македонија пат“ надвор од државна контрола, направи загуба од 2,5 милиони евра

Објавено во: Економија 24 Ноември, 2022
Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, порано познато како „Македонија пат“, за прв пат лани направи загуба и тоа од 2,5 милиони евра. Дали ова е знак дека државата остава уште едно претпријатие вон контрола, по примерот на Железници - Транспорт и АД Пошта?
Извештајот што е објавен на јавното претпријатие кое ги санира патиштата, поставува сигнализација и ги одржува во зимски услови, покажува негативен резултат по долги години остварување минимални добивки кои некогаш достигнуваа и скоро милион евра
Обврските, најмногу кон добавувачи, се зголемени за 3,85 милиони евра за една година, а акумилирано сега изнесуваат 23 милиони евра. Треба да се признае дека 3 милиони евра се нови трошоци кои се со договорено одложено плаќање.
Ваквиот негативен резултат следува и покрај солидните приходи од 25 милиони евра што ги има некогашен „Македонија пат“. Само за услуги биле потрошена неверојатна сума од преку 8 милиони евра. Дури 6,5 милиони евра се запишани како трошок за „останати услуги“, кои најчесто се ангажирање на транспорт и зимска служба од трети лица.
Трошоците за една година се зголемиле за 40 отсто и се бара дополнителна финансиска помош од Владата. Претпријатието инаку се финансира со пари од ЈП „Државни патишта“, а лани субвенции давала и Владата.
Претпријатието лани го водеше Беким Мемеди, а од почетокот на годинава директор е поранешниот пратеник Костадин Ацевски.
Според кварталните извештаи од Министерството за финансии, „Македонија пат“ и во првата половина на 2022 работи со негативен резултат.
A.K.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2023 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.
Можеби ќе ве интересира
Заеднички со Унгарија ќе се бориме против таксата на Бугарија за руски гас

ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ПЛАТЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН - „Крејон Македонија“ ја доби првата „сочна“ исплата за сајбер одбраната по новиот договор

СИТЕ САКААТ ДА БИДАТ „ФРИЛЕНСЕРИ“ - Кои се предностите на „гиг“ економијата

„Вози Мишко“ од јули до септември! 74.000 Македонци избрале автобус на летување на море и шопинг во странство

Бислимовски: Од утре официјално дневна евтина тарифа за струја

Генерали инвестментс: Црн петок и продажба од 9,8 милијарди долари во САД ?️

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ТОНЕ ПОРАДИ ЕДЕН МНОГУ ВАЖЕН ФАКТОР: Недостиг има кај 80 отсто од компаниите

Ниту небото не е лимит за нив! Во која државна фирма просечната плата изнесува 2.500 евра?

УЈП со решенија за осум блокирани сметки на компании кои не платиле солидарен данок
