„Македонија пат“ останува верен клиент на тетовска фирма за чистење на македонските патишта од снег
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2019
ЈП „Македонија пат“ трета година по ред останува верен клиент на тетовската фирма „НБ-Транс компани“ за чистење на патиштата од снег. Станува збор за договор за јавни набавки кој двете страни го постигнуваат трета година во низа.
Интересно е тоа што за одржување на регионални и магистрални патишта во зимски услови за сезоната 2018/2019 ќе добие безмалку еден милион евра, или поточно 60,2 милиони денари, а вкупните приходи на фирмата за 2017-та биле 71 милион денари, објави Макфакс.
Според договорот, ќе се чистат 45 делници меѓу кои Маврово – Дебар, Куманово – Скопје, Гостивар – Скопје, Страцин – Скопје, автопатот Петровец – Скопје и други со багери-гасеничари, камиони, булдожери, натоварувачи, снегочистачи…
Сопственици на фирмата се Насер и Бурим Ибиши. Тендери на оваа фирма ѝ доделила и Општина Тетово во 2015 и 2016 година.