29 Март, 2024
0.0271

„Македонија пат“ за една година бројот на вработени го зголемил за 130

Објавено во: Економија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, порано познато како „Македонија пат“, годината 2020 ја завршило со 130 работници повеќе во однос на една претходно.

Извештајот што е објавен на јавното претпријатие кое ги санира патиштата, поставува сигнализација и ги одржува во зимски услови покажува дека 2020 е завршена со 843 ангажирани вработувања. Претходната 2019 била завршена со 714 работници.

Тоа се одразило и на зголемувањето на трошоците за платите за вработените, па така тие лани изнесувале 235 милиони денари, наспроти 200 милиони една година претходно. 

Трошоците за зголемување за платите пораснале за 17,9 отсто и станува збор за сума од нешто повеќе од 500.000 евра. Кај надоместоците бројката е зголемена за 17,2 отсто поради зголемениот број на вработувања, се вели во годишниот извештај. Од таму сепак тврдат дека во просек бруто-платите се едни од најмалите во земјата и во просек во 2020 изнесувале 35.000 денари.

Вкупните приходи лани биле 1,2 милијарди денари, или нешто помалку од 20 милиони евра, пари кои претпријатието главно ги добива од ЈП Државни патишта, а еден помал дек се донација на гориво од Дирекцијата за нафта и нафтени резерви.

Трошоците за суровини се зголемиле за 100 милиони денари. Минатата година „Македонија пат“ купи големо количество на индустриска сол за одржување на патиштата во зимски услови.

Зголемени се и трошоците за услугите за транспорт и зимско одржување од трети лица.  Сепак остварен е позитивен финансиски резултат од 6 милиони денари добивка, или околу 100.000 евра, што е сепак неколкукратно помалку од 2019.

А.К.



Можеби ќе ве интересира

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи

Фокус во Кина: Европските претпријатија гледаат на можностите за инвестирање во кинескиот Хубеи