27 Септември, 2024
0.0356

Македонија пет години гради две брани од 70 милиони евра

Објавено во: Македонија 30 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Македонија пет години гради две брани од вкупно 70 милиони евра, клучни капитални проекти од областа на хидроснабдувањето, и се уште не се завршени. „Силекс“ од 2019 ја гради браната „Речани“ на Оризарска Река во Кочани, додека турската „Серка“ од 2018 започна да работи на „Конско“ во Гевгелија.

Со Силекс Неметали СТ беше постигнат договор за повеќе од 30 милиони евра пред парламентарните избори 2016, инаку рекордна јавна набавка во тоа време, но воведен во работа беше дури во 2019, бидејќи во меѓувреме операторот минуваше низ турбулентен период со случајот „Труст“. 

Рокот за изградба на браната, според договорот, е пет години, а ефективноста на договорот започнува со датумот на воведување на работа на операторот, односно од мај 2019. Тоа значи дека компанијата има рок од нешто повеќе од една година, но од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како одговор на наше барање, тврдат дека досега се завршени само 30 отсто од работите.

„Еден од нашите приоритети е токму вложувањето во изградба на нови системи за наводнување и токму тоа е еден од 5-те столба на новиот буџет за 2023 година. Конкретно за браната Речани, таму реализацијата е околу 30 проценти и во повеќе наврати писмено имаме испратено дописи до надзорот и изведувачот за забрзување на работите согласно утврдената динамика. Соред планот на динамика оваа брана завршува со градба во мај 2024 година и очекуваме тој рок да биде испочитуван“, велат од Министерството.

Инаку со овој проект треба да се реши водоснабдувањето на 90.000 граѓани од Кочани, Виница и од околните населени места. Браната „Речани“ ќе служи за наводнување на земјоделски површини во кочанскиот регион, но и за збогатување на туристичко-рекреативната понуда со оформување на новото вештачко езеро.

Ситуацијата со „Конско“ кај Гевгелија изгледа далеку подобро, барем според она што го тврди МЗШВ. Овој систем треба да чини 40 милиони евра. Инаку, договорот со компанијата „Серка“ за изградба на „Брана Конско“ беше склучен од поодамна, па и од самата компанија на прес конференција нагласија дека изградбата на браната првично било планирано да заврши кон крајот на 2020 година, но поради здравствената криза, но и поради бавната работа на некои институции, како и задоцнетото пристигнување на специјални материјали и опрема од странство, кои се дефицитарни кај нас, придонеле да се пролонгира предвидениот рок за завршување на градежните работи

„Дополнително ја градиме најголемата капитална инвестиција браната Конско, која ќе заврши со градба до крајот на јуни оваа година. После ова следи период на полнење на браната со вода и период на неопходно тестирање, после што ќе биде пуштена во употреба“, нагласуваат од Министерството за земјоделство.

На браната, чиј капацитет на акумулација изнесува 21 милион метри кубни вода, стручните лица од фирмата изведувач тогаш нагласија дека ќе и треба време за полнење од една до две години, во зависност од количината на врнежи во тој период. Инаку, Браната „Конско“ е најголем капитален проект во општина Гевгелија во изминативе 50 години.

Изградбата на оваа брана почна во јули 2018 година, а стартот го означија меѓу другите тогашниот премиер Зоран Заев и министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.
Заев тогаш рече дека овој проект за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализирање на нивната долгогодишна потреба и желба од навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, плантажите и фармите, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за Дојранското езеро.

Од Министерството за земјоделство како надоврзување на овие два проекти дополнува дека во тек е и реализацијата на втора фаза на Јужно Вардарска Долина како и изградба на повеќе мали нискотрошковни системи за наводнување. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

(ФОТО) ГОРИ СТРНИШТЕ: Чад кај Миладиновци

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

ГО ОДБИЈА ОРБАН: Бугарите не сакаат посредници за односите со Македонија

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

MAКСИМ НА СРЕДБА СО РУСКИОТ АМБАСАДОР: Во кумановските училишта ќе се учи рускиот јазик

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

БУГАРСКИ НОВИНАРИ И АНАЛИТИЧАРИ: Во Македонија се очекува јасен став од албанските партии, го споменаа и Орбан

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

РАДЕВ ЗА КОЧНИЦАТА ЗА МАКЕДОНИЈА: Tоа се логични последици од она што се случува во Скопје и Тирана

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

„Заев и Филипче лажеа дека Македонија ги почнала преговорите“: Митева од ВМРО вели „само СДС и ДУИ се апстрахираат од одговорност“

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

СОСТОЈБАТА СО ПРЕВЕНТИВНИТЕ ПРЕГЛЕДИ: Колку граѓаните ги користат овие здравствени услуги во Македонија?

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други

Орбан: Заемот за Македонија не е кинески кредит, не смееме да даваме кинески пари на други