МАКЕДОНИЈА ПРЕД ПОСЛЕДНАТА ПРЕПРЕКА: Уставните измени за Заев се патриотски избор
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2019
Во Парламентот денес продолжува седницата за уставни измени, обврска која потекнува од Преспанскиот договор со Грција .
На самиот старт на седницата премиерот имаше говор а зборувајќи за клучните уставни амандмани кои се дел од Преспанскиот договор , Заев им рече на пратениците, дека потпишувајќи го тој договор, земјава конечно го завршува повеќедеценискиот спор со кој се признава македонскиот идентитет и јазик.
-Ова е историски и патриотски избор. Можеме да бидеме генерација која добела храбра одлука-рече премиерот.
Седницата е одложена за денес, а се очекува расправата да трае до петок.
Пратениците ќе расправаат за 10 амандмани на нацрт уставните измени, од кои шест ги предлага Алијансата за Албанците, три опозициската БЕСА, а еден независната пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ најави дека нема да учествува во дебатата и да присуствува на пленарната седница.