МАКЕДОНИЈА СЕПАК ЌЕ ПРАЌА ГОРИВО ВО СРБИЈА: Еве што вели почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија
Објавено во: Економија 09 Декември, 2025 15:27
Почесниот претседател на Унијата на работодавачи на Србија, Небојша Атанацковиќ, за РТС изјави дека дел од горивото во државата ќе доаѓа од Северна Македонија, а другиот, најверојатно, поголем дел ќе биде првенствено од Унгарија, каде има голема рафинерија.
„Факторот - посложена испорака, веројатно ќе влијае на зголемувањето на цената, но не треба да се очекува дека бензинот или дизелот купен од друга рафинерија веднаш ќе бидат поскапи од горивото од рафинеријата во Панчево“, истакнува Атанацковиќ.
Ситуацијата со Нафтената индустрија на Србија станува се посложена, оцени вчера министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. На околу педесет места во Србија има само бензински пумпи на НИС.
Во изминатите денови, многу правни лица пронајдоа или моментално бараат друг добавувач на гориво.
„Сега имаме релативно кратко време да се навикнеме на фактот дека снабдувањето ќе оди преку други канали. Треба да се обидеме да не правиме резерви на гориво бидејќи горивото се уште ќе се доставува преку други линии до бензински пумпи кои нема да бидат НИС“, вели тој.
„Мора да се навикнеме на фактот дека не сме земја што има своја рафинерија, туку ќе имаме снабдување од рафинерија во регионот. Многу земји се во таква ситуација, меѓутоа, со текот на времето ги пронајдоа своите канали за снабдување“, вели почесниот претседател на Синдикатот на работодавачи на Србија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Никој не сака да работи за 1.600 евра: Локалите се затвораат
Мизо: „Костал“ ќе има извоз од 230 милиони евра и покрај кризата со автомобилската индустрија
Клековски: Не доцнат исплатите за матичните лекари и породилните отсуства
„ИЗИЏЕТ“ СО НОВИ СЕЗОНСКИ ЛЕТОВИ: Следното лето ќе се лета од Бодрум до Скопје и Сараево
Трамп ѝ дозволи на Nvidia да продава чипови со вештачка интелигенција во Кина





