Македонија со 29,8 парчиња огнено оружје на 100 цивили
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2020
Од 857 милиони огнено оружје во цивилни раце, 393 милиони се во САД, што е повеќе од вкупниот број на огнено оружје во првите 25 држави на списокот. И кога ќе ја поставиме таа бројка во однос на населението, населението во САД сочинува четири проценти од светската популација, додека граѓаните на оваа земја имаат 40 проценти од светското огнено оружје, објави Small Arms Survey, пренесува Ал Џезира.
Постои голема разлика во вооружувањето ширум светот. Најголем број оружја има во веќе споменатите САД, 121 на 100 жители, 53 во Јемен, додека граѓаните на Србија и Црна Гора поседуваат по 39 огнено оружје на 100 жители.
Од друга страна се земји како Јапонија и Индонезија каде има помалку од едно огнено оружје на 100 жители.
Населението во регионот е меѓу најоружените во светот. Зад Србија и Црна Гора се БИХ со 31,2 парчиња оружје на 100 жители, а Македонија е на четвртото место со 29,8.
Македонија во светот е на 13 место, а пред неа се САД, Јемен, Србија, Црна Гора, Канада, Уругвај, Кипар, Финска, Либан, Исланд, БИХ и Австрија.