29 Март, 2024
0.0254

Македонија со награда на Светскиот Економски Форум во Давос

Објавено во: Мои пари 27 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Најголемиот политички и економски настан во светот “Светскиот Економски Форум” во Давос заврши во петокот.

На претпоследниот ден се одржа и технолошкиот парк во склопот на форумот, каде спикер на панелот за жени претприемачи беше и македонката Аријана Коскарова основач на центарот “Creative Hub” во Скопје и Приштина кој оваа година се најде на листата на Форбес под 30, и е воедно и организатор на “Балкански претприемачки самит”.


Покрај ова, Коскарова е и автор на финтек апликација со успешен екзит во Хонг Конг како и член во бордот на две блокчејн компании од Монако и Лондон, а до крајот на годината токму во соработка со блокчејн компанијата Модекс го отвора и хабот Блокчејн Македонија.

“Особено ми е драго што најпрво Македонија имаше спикер на Технолошкиот Парк во склоп на Светскиот Економски Форум. Покрај најуспешните луѓе во светот имате и млади претприемачи жени од Македонија што е доволен пример дека ние го менуваме светот. На Форумот зборувавме за женска економија, за интегрирање на жената во бизнис светот, за поддршката меѓусебна преку асоцијации, мрежи на контакти, за формирање на фондови каде жени инвестираат во жени, а истиот ден токму од Давос, најголемата банка Голдман Сакс најави дека нема да инвестира во компании доколку во бордовите нема ниту една жена.

Како жени мораме меѓусебно да си помагаме, да учиме од примерите, да бидеме подобри и да помагаме и на други да развијат претприемачки кариери.


Јас се надевам дека мојот успех ќе биде доволен мотив за сите, во иднина 

Македонија да има уште повеќе спикери на најголемиот политички и економски форум во светот, заота што само така ќе можеме да направиме разлика и успех на нашата земја. ” извадок од говорот на Аријана Коскарова на Светскиот Економски Форум во Давос.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија