Македонија со најевтина струја во Европа
Објавено во: Економија 29 Мај, 2019
Македонските домаќинства заедно со српските плаќаат најевтина струја во Европа во 2018-та, објави „Еуростат“. Цената е 7,9 евра за 100 киловат часови. Поевтина е само Србија, каде што електростопанството се уште е државно и цената е 7,1 евра за 100 киловат часови. Најскапа електрична енергија плаќаат данските и германските семејства - 31,2, односно 30 евра. Сметките за струја се убедливо најевтини на Балканот и зад Србија и Македонија се Турција со 8,6, Албанија со 9,1, Бугарија со 10,1 и Црна Гора со 10,3 евра.
Македонија е една од ретките земји која за една година забележала поевтинување на оваа енергетска алтернатива, додека во повеќето земји од континентот таа поскапела во однос на 2017-та. Намалувањето во Македонија било за минус три отсто, а повеќе било само во Летонија со поевтинување од 4,5 проценти.
Македонија не отскокнува како многу поевтина кога станува збор за електричната енергија во стопанството и јавните објекти, бидејќи таму цената е 17,9 евра по 100 киловат часови. Данокот на сметките во Македонија е 15 отсто и помал е само во Малта со 6 проценти.
Од друга страна, индустријата и јавните објекти во Македонија плаќаат убедливо најскап гас. Цената минатата година тука била 13,8 евра на 100 киловат часови енергија што е далеку над европскиот просек од 6,7 евра.
Ниту кај домаќинствата ситуацијата не е кој знае колку подобра. Тука цената е 6,1 евра, но сепак е под европскиот просек од 6,7 евра.