24 Април, 2024
0.0267

Македонија со тројца претставници во Давос

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2019

Добивај вести на Viber

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши патуваат неделава во Давос, Швајцарија на Светскиот економски форум, потврдуваат од Владата. Во алпското одморалиште кое секоја година на едно место ги собира најмоќните светски лидери годинава сепак нема да дојде ниту еден од лидерите на петте постојани членки на Советот на безбедност на ОН. Своето учество го откажаа американскиот претседател Доналд Трамп, францускиот шеф на државата Емануел Макрон, британската премиерка Тереза Меј, но и принцот Вилијам. Кина наместо Си Џинпинг ќе ја претставува потпретседателот на владата Ванг Кишан, додека таму не оди ниту Владимир Путин. Сите имаат посериозни задачи дома. 

Од Владата велат дека имајќи предвид дека годинава ќе се насочат кон креирање политики за уште поголем развој на домашната економија, македонската делегација на Светскиот економски форум ќе се фокусира на остварување на контакти и отворање нови можности за економска соработка со развиените земји.

„Во Давос секоја година на едно место се собира светската економско – политичка елита, а присуствуваат и над 3 илјади светски лидери од сите области. Токму затоа форумот претставува одлична прилика за создавање нови пријателства и продлабочување на соработката со развиените европски, но и светски земји. Во рамки на Светскиот економски форум, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев ќе оствари средби со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со други високи гости, велат од Владата.

Во Давос се очекува да пристигнат 65 шефови на држави и влади, меѓу кои и германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, претседавачот на Г20, јапонскиот премиер Шинзо Абе, шпанскиот премиер Педро Санчез, претставници на меѓународните финансиски институции. 

Фото: wbcsd.org

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?