МАКЕДОНИЈА ВО „ЦРВЕНАТА ЗОНА“ ЗА БУГАРИЈА: Од 19.јануари и децата над 12 години мора да имаат негативен ПЦР тест, во спротивно следува 10-дневен карантин
Објавено во: Македонија 16 Јануари, 2022
Бугарија од среда
ја ажурира листата на земји кои претставуваат ризик за ширење на вирусот, па
така од 19.јануари во „црвената зона“ освен Македонија, влегуваат и Австрија,
Србија, Турција, Унгарија,
Луксембург, Израел, Кувајт, Гренада, Гренланд, Катар, Кралството Бахреин,
Либанската Република и Кооперативната Република Гвајана.
Ова ќе значи и нови мерки, односно бугарските власти при влез во земјата ќе бараат и негативен ПЦР тест за децата над 12 години и тоа не постар од 72 часа, во спротивно, доколку немаат ваков документ, подлежат на 10-дневен карантин.
Оваа мерка не се однесува и на децата помлади од 12 години.