Македонија2025 доделува 20 стипендии за петтиот Охрид камп за високотехнолошка извонредност

Објавено во: Мои пари 04 Февруари, 2025
Македонија2025 со задоволство ве информира дека е отворен повик за доделување на 20 стипендии за петтиот по ред Охрид камп за високотехнолошка извонредност, предвиден да се одржи од 13-17 јули 2025 година во Охрид.
Кампот за високо-технолошка извонредност е еднонеделна програма за напредни вештини по роботика и кодирање, кој и овој пат ќе содржи комбининација на традиционална летна забава со можност за учење, заедничко вежбање и споделување на искуства за кодирање и роботика. Преку посветеност и натпревар на идеи, фокус на решавање проблеми, чувство на акција, размислување out-of-the-box и тимска работа ќе ги охрабриме и поттикнеме учесниците да постигнат мотивирачки резултати и да креираат прототип на производ/идеја. Воден од Академијата за роботика и иновации и STEM Robotika Кочани, во партнерство со Young Engineers Skopje, кампот содржи глобално признати LEGO® Education Technology и STEM програми со израелска лиценца што се користи во над 50 земји. Учесниците ќе се вклучат во практично учење, програмирање на компонентите FABLE предводени од Brainster и справување со предизвиците од реалниот свет инспирирани од Целите за одржлив развој на Обединетите нации (SDGs). Овогодинешната тема, FIRST® LEGO® League - FIRST® DIVE℠: SUBMERGED℠, се фокусира на истражување на океаните. Тимовите ќе создаваат иновативни решенија за почисти, поздрави океани, истовремено поттикнувајќи лидерство, тимска работа и упорност - подготвувајќи ги да бидат следната генерација на решавачи на проблеми и иноватори.
Убавината на овој проект е дадената можност да се запознаат и соберат млади луѓе со македонско потекло и млади од нашава земја, да воспостават долготрајни пријателства, да ја зајакнат и да ја градат својата родна македонска култура, преку подобрување на нивното познавање на јазикот, истражување на природата и културното наследство и доживување на македонската кујна и специјалитети. Особено сме среќни што изминативе години успавме да имаме учесници од САД, Канада, Словенија, Хрватска, Германија, Катар, Австрија, Данска, Кипар, Шведска, и др, но искрено се надеваме ќе успееме да привлечеме и учесници од другите земји од светот.
Интересни информации за проектот:
може да се пријават деца кои се на возраст од 11-15 години, заинтересирани за стекнување и надоградување на знаењата и вештините и секако имаат желба и интерес да учат програмирање, кодирање и роботика;
Им даваме предност при учество на пријавените деца врз основа на нивниот социо-економски статус и им доделуваме целосни стипендии;
Нашата еднонеделна авантура е за сите деца од Македонија, како и за деца од дијаспората со македонско потекло;
Ќе комуницираме на англиски и македонски јазик со цел да се поттикне комуникацијата и социјализацијата помеѓу учесници од различни држави, учење на различни култури, размена на идеи и градење на интернационални пријателства, ќе ја усовршиме примената и на двата јазика;
Новина за оваа година, Академијата за роботика и иновации и СТЕМ Роботика Кочани, наши парнери во проектот, ќе доделат годишна стипендија на национално ниво за нивните програми за учесници од Македонија. Дополнително, ќе бидат доделени специјални награди за признавање на знаењето и достигнувањата на учесниците на натпреварите во FIRST LEGO League, во чест на нивната посветеност на образованието и иновациите на STEM.
Повеќе за Кампот, начинот на аплицирање и потребна документација: https://macedonia2025.com/open-call-for-scholarships-for-the-ohrid-hi-tech-excellence-camp-2025/
На следниот линк можете да ги осознаете импресиите на нашите поранешни учесници: https://www.youtube.com/watch?v=ELahdUgnuxM&list=PLj9OcPCGo_tBSrRg05cZfd3AsQDPU-7VF&index=5&t=144s
Охрид камп за високотехнолошка извонредност, во изминатите години, е под покровителство на Претседателот на РСМ.
Со нетрпение Ве очекуваме да се дружиме, учиме и уживаме во убавините на Охрид. Повикот е отворен до 14 април 2025 година.
Ова не е само камп – ова е чувство!
Можеби ќе ве интересира
УНИБанка АД Скопје и Развојна банка на Р.С. Македонија потпишаа Рамковен договор за учество во кредитната линија за финансирање на инвестиции и развој на приватни трговски друштва, т.н. Унгарска кредитна линија

Купување и подарување за денот на вљубените, потреба или тренд?!
„Заборави го паричникот, плати со Google Pay“ - ПроКредит Банка ја лансираше најновата услуга за брзо, безбедно и лесно плаќање

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман со длабока хуманистичка порака за здружувањето заради постигнување повисока цел

Со „PayByLink“ онлајн сервисот на НЛБ Банка, е-трговиjата станува достапна за секој трговец

Д-р Емил Угриновски го прослави роденденот со гламурозна забава

Женското здравје и здравиот начин на исхрана - Хармонија што започнува одвнатре

„Се викам храброст“ е книга којашто ќе ги инспирира новите генерации

Design Thinking: Креативниот пристап што ги менува правилата на играта за младите претприемачи
