25 Април, 2024
0.0389

Македонска премиера на Volkswagen Golf 8

Објавено во: Мои пари 25 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Golf е најуспешниот светски концепт на патнички автомобил, задржувајќи ја истата филозофија и конфигурација безмалку пет децении. Пишувањето на новите страници од приказната за бестселерот кај нас започнува денес, со македонската премиера на Golf 8 - дигитализиран, целосно поврзан и максимално интуитивен за употреба.

Никогаш порано новиот Golf не бил толку прогресивен. Неговата дигитализирана внатрешност овозможува нова димензија на интуитивна употреба на возилото. Системите за помош на возачот функционираат до брзина од 210 км/ч. Golf 8 е првиот Volkswagen кој користи информации од сообраќајот преку Car2X, што значи дека може да предупредува на опасности уште пред да им се приближите. Еволуцијата на Golf започна пред 45 години во Волфсбург, каде низ годините се дизајнираше и рафинираше за денес да ви ја претставиме последната, осма генерација на најуспешниот автомобил што ја дефинира и именува компактната класа.

„Во текот на седумте генерации, Golf импресионираше повеќе од 35 милиони клиенти. Целата автомобилска индустрија очекува - а и знае - дека новиот Golf ќе ги постави стандардите во класата“, објасни г-дин Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија. Во однос на својата технологија, Golf го прави најголемиот скок нанапред од своето деби. Владимир Димитровски, бренд менаџер на Volkswagen: „Овој автомобил е целосно нов. Но, секако, Golf секогаш останува Golf. Бидејќи основниот концепт е безвременски. Овој автомобил го дефинира нашиот бренд со децении. Golf постојано ги прави најкорисните нови технологии достапни за сите“.

Факт е дека новиот Golf ја прави одржливата мобилност достапна за многу луѓе. Уште повеќе, со новиот Golf Volkswagen преминува на целосно дигитализирана платформа. Александар Цветковски, продукт менаџер на Volkswagen: „Во светот каде сложеноста постојано се зголемува, новиот Golf му дозволува на возачот да се опушти и интуитивно и лесно да управува со возилото“. Практично, сите дисплеи и контроли се дигитални: новите инструменти и поврзаните инфозабавни системи се интегрираат едни со други во пејсажен приказ со команди на допир.

Ефикасен мотори - заштеда на потрошувачка до 17%

Погонските опции за новиот Golf вклучуваат бензински мотори TSI, дизел мотори TDI, електрично потпомогнати бензински мотори eTSI mild hybrid и бивалентен бензински мотор предвиден за погон на природен гас TGI. Сите без исклучок со турбо полначи. Моќноста за сега се движи од 66 KW/90 КС до 110 KW/150 КС. Кај eTSI mild hybrid моторите освен електричната поддршка за дополнително намалување на емисиите помага и примената на Miller-овиот циклус на согорување. TDI моторите воведуваат технологија за двојно дозирање на AdBlue со помош на два SCR катализатори и постигнуваат намалување на емисијата на азотни оксиди (NOx) до 80%, со истовремено намалување на потрошувачката и до 17% во споредба со TDI моторите од претходната генерација. TDI сеуште го нема кажано последниот збор...

Постојана конективност и Car2X како стандард

Системите во Golf не само што се поврзани едни со други, туку благодарение на вградената единица за поврзување на Интернет се поврзани и со надворешниот свет. Преку eSIM се овозможува пристап на возилото до Интернет и употреба на онлајн функции и услуги „We Connect“ и „We Connect Plus“ без дополнителни трошоци во период од 1 или 3 години и со гео-зависна достапност и опфат. Новиот Golf е првиот Volkswagen што комуницира со околината преку Car2X - со помош на pWLAN технологија сигналите од сообраќајната инфраструктура и информациите од други возила опремени со Car2X и оддалечени до 800 метри се прикажуваат на дисплејот пред возачот. Golf ги споделува овие предупредувања и со другите возила опремени за Car2X. Од гледна точка на безбедноста во сообраќајот, со ваквото меѓусебно поврзување и директна размена на информации меѓу возилата и патната инфраструктура се отвора ново поглавје и речиси неограничени можности за напредок.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan