Македонската и бугарската академија на науките денеска потпишуваат договор во Охрид
Објавено во: Македонија 17 Јуни, 2018
Претседателите на Македонската академија на науките и уметностите и на Бугарската академија на науките, Таки Фити и Јулијан Ревалски, денеска во Охрид ќе информираат за вчера потпишаниот договор за соработка.
Како што соопштија од МАНУ, станува збор за Платформа за соработка на академиите и помош при реализација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.