Македонската полиција бара многу поголеми плати
Објавено во: Економија 18 Октомври, 2018
Наместо срамното покачување на платата по 400 денари од полицаец, бараме за сите вработени во МВР покачување од 20 проценти, велат од Независниот синдикат на полицијата. Од таму сликовито објаснуваат дека платата им е покачена во износ од цената на еден и пол килограм месо.
- Наближува времето кога во Собранието на Република Македонија треба да се достави Предлог-буџетот за 2019 година. Затоа наместо срамното покачување од 400 денари по полицаец, бараме за сите вработени во Министерството за внатрешни работи еднократно покачување на платите за 20 проценти од јануари 2019 година, изјави портпаролот на Синдикатот, Дејан Саздов.
Од Синдикатот реагираа и поради неодамнешниот демант на МВР на нивните тврдења дека не се врши набавка на нова опрема.
„Прашуваат- зошто им се нови каиши кога немаат панталони“, додаде Саздов.