24 Април, 2024
0.0320

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева е достапна на три континенти

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2021

Добивај вести на Viber

По изданието на македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева од една од најпознатите европски издавачки куќи „Трамунтана“, ова детско издание ќе може да се чита на шпански јазик и во сите држави во Латинска Америка како и во САД. Илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро, а сликовницата е издадена на шпански и на каталонски јазик и веќе неколку месеци наназад може да се најде во книжарниците низ цела Шпанија.

 
„Џиновска продавница за фантазии“ беше промовирана во 2019 година во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и е достапна во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача преку интернет-страницата www.literatura.mк.


 
Оваа книга ја претставува детската фантазија, сосема поинаква од онаа на возрасните: безгранична, нелогична, разиграна, смешна и максимално креативна. Главниот протагонист е Џинот, кој имал безброј фантазии, па решил да отвори продавница за фантазии, за да може секој да ги купи оние што му недостигаат. Оваа сликовница се разликува од другите по својот џиновски формат. Дополнително, станува збор за второ издание за деца на Георгиева, на која ѝ претходи сликовницата „Ото, Ото и Ото“.
 
Бистра Георгиева и Моника Каретеро, која е една од најпознатите европски илустраторки, соработуваат по вторпат. Само еден сегмент од биографијата на Каретеро е дека таа е авторка на повеќе од 70 книги издадени во Шпанија, Англија, Австралија и САД, а добитничка е и на повеќе престижни награди, меѓу кои за најдобра книга на лондонскиот и шпанскиот саем на книги.


ПР објава


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка