16 Април, 2024
0.0239

Македонската сликовница „Џиновска продавница за фантазии“ на Бистра Георгиева објавена во Шпанија

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Една од најпознатите шпански издавачки куќи „Трамунтана“ ја издаде сликовницата „Џиновска продавница за фантазии“ чиј автор е Бистра Георгиева, а илустрациите се на шпанската илустраторка Моника Каретеро. Сликовницата е издадена на шпански и каталонски јазик и веќе може да се најде во книжарниците низ цела Шпанија, по што ќе следува и нејзино издавање на територија на Латинска Америка. „Џиновска продавница за фантазии“ беше издадена лани во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарача преку интернет-страницата www.literatura.mk.

Инаку, ова е втора соработка на Бистра Георгиева и една од најпознатите европски илустраторки Моника Каретеро. Каретеро која е автор на повеќе од 70 книги издадени во Шпанија, Англија, Австралија и САД е добитничка на повеќе престижни награди, меѓу кои за најдобра книга на лондонскиот и шпанскиот саем на книги.
 
Георгиева е дипломиран социолог, магистер по комуникации и има завршено филмски колеџ во Данска. Својата професионална кариера ја почна како волонтер во филмот „Сенки“ на Милчо Манчевски, потоа работеше на неколку филмски проекти. Шест години беше дел од невладината организација „ОХО“, со ангажман на проектот „Пет плус“. Има напишано и сценарио за цртаниот филм „Едно поинакво пријателство“. Три години беше уредник во „Фчерашни новости“. Моментално работи како раководител на канцеларијата Креативна Европа МЕДИА за Македонија.
 
Издавачката куќа „Трамунтана“ е специјализирана за детска литература, а шпанското и каталонското издание на „Џиновска продавница за фантазии“ може да се купи и онлајн преку „Амазон“.

Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!