18 Јуни, 2019
0.0172

Македонската трговија со Русија прекината поради шпекулација

Објавено во: Економија 18 Март, 2019

Македонските извозници во Русија само една недела го „замрзнале“ тргувањето и тоа поради неформално предупредување од тамошни кооперанти дека наводно е можен проблем со властите ако има различни имиња на државата на декларациите и на сертификатите на производите.

На декларацијата стои „ПЈРМ“, додека на сертификатите го има новото уставно име „Република Северна Македонија“, но руските царински власти потврдиле дека увозот на македонски производи се реализира без никаков проблем, рече денеска Дејан Бешлиев, директорот на Македонско-руската стопанска комора.

- Три камиони свежо овошје и зеленчук или околу 60 тони веќе ја поминале границата со декларација на која стои ПЈРМ и сертифкат на кој го пишува новото име – Република Северна Македонија - изјави Бешлиев, кој уверува дека во моментов застој во пласманот воопшто нема.

Целата несигурност настанала откако деовиве руски трговец испратил до својот партнер во земјава предупредување дека е можно руските фитосанитарни служби да реагираат за сертификатот што е веќе со променетото име на нашата држава и дека во таков случај ризикот за финансиските трошоци за таа пратка би бил на товар на македонската компанија.

- Но, ние во меѓувреме, во консултација со руските партнери, испративме информација до членките на нашата Комора да почекаат до почетоков на неделава, денеска и утре, да не испраќаат производи, да не тргнуваат за викенд за ако некаде се јави проблем, да може да се реагира. Но, такво нешто нема. Веќе имаме потврда од руските царински власти дека без никаков проблем се примени, односно увезени македонските проиозводи, конкретно во Калининград. Проблем со извозот нема. Декларациите се со ПЈРМ, но прифатен е сертификатот на кој стои Република Северна Македонија, рече Бешлиев.


Можеби ќе ве интересира

Во следните неколку дена горива ќе се точат по овие цени

Во следните неколку дена горива ќе се точат по овие цени

МЗШВ: Праските во Росоман се откупуваат, се надмина проблемот со Русија

МЗШВ: Праските во Росоман се откупуваат, се надмина проблемот со Русија

ВРАЌАЊЕ ОД ОТПИШАНИТЕ: Биткоинот го урна овогодишниот рекорд

ВРАЌАЊЕ ОД ОТПИШАНИТЕ: Биткоинот го урна овогодишниот рекорд

Со буџет од дваесет милиони денари Владата ќе праќа работници со ниски примања на одмор

Со буџет од дваесет милиони денари Владата ќе праќа работници со ниски примања на одмор

УТРИНСКИ ФОКУС: Кому дивидендата му донесе повеќе од 100.000 евра-„се тресат“ осум министерски фотелји

УТРИНСКИ ФОКУС: Кому дивидендата му донесе повеќе од 100.000 евра-„се тресат“ осум министерски фотелји

Кои се акционерите што лани земаа најмногу пари од дивиденда?

Кои се акционерите што лани земаа најмногу пари од дивиденда?

Познато колку Апостолска, Шапуриќ, Даути и другите ги „помогнале“ Кромберг и Шуберт, Гентерм, Леар, Ендава....

Познато колку Апостолска, Шапуриќ, Даути и другите ги „помогнале“ Кромберг и Шуберт, Гентерм, Леар, Ендава....

Еврото падна, но доларот е отпорен на трговската војна

Еврото падна, но доларот е отпорен на трговската војна

Ако се селите во Германија, една работа за вас може да биде невозможна мисија

Ако се селите во Германија, една работа за вас може да биде невозможна мисија