16 Јули, 2025
0.0308

МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ КРАДЕЛЕ ВО АВСТРИЈА: Се „офајдиле“ со готовина, накит и други скапоцени предмети

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2025 11:00

Добивај вести на Viber

Австриската полиција уапси македонски државјани кои краделе во земјата.  

Припадници на австриската полиција конечно пронајдоа четворица плус еден крадци од Балканот кои во изминатиот период извршиле 21 кражба на подрачјето на Горна и Долна Австрија, јавуваат австриските медиуми.

Четворица мажи на возраст од 24 до 26 години беа уапсени по 21 кражба во Горна и Долна Австрија. Тие делумно ги признале злосторствата и моментално се во притвор во Линц. Полицијата, исто така, пријавила и можен петти член на оваа организирана криминална група, кој има 20 години.

Се наведува дека македонските државјани краделе 15 пати во станбени куќи и еднаш во компанија почнувајќи од ноември претходната година. Покрај тоа, има пет провали на банкомати. Вкупната штета изнесува околу 304.000 евра.

Четирите осомничени беа уапсени на 12 февруари во Прегартен (округ Фрајштат). Се наведува дека мажите претходно извршиле кражба во Хелмонседт (округ Урфар-Умгебунг).

Краделе готовина, накит и скапоцени работи, според Управата на покраинската полиција на Долна Австрија.

Вредноста на украдената стока изнесува над 145.000 евра, додека материјалната штета е проценета на околу 159.000 евра.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје

ДВЕ ИМИЊА И СЕ ПОЗНАТИ НА ЈАВНОСТА, ЗА УШТЕ ДВАЈЦА СЕ РАЗМИСЛУВА: Ралев и Шукова можни кандидати на СДСМ за Скопје

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

„ОЧЕКУВАМЕ ВАЛКАНА КАМПАЊА“: Апасиев вели за изборите ќе се истурат многу пари

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Напаѓачот на Данела Арсовска од куќен е однесен во ефективен притвор

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Чешко државјанство имам од раѓање, родителите не можам да си ги изберам

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

АРСОВСКА: Јунаци, лавови, нешто да бекневте за криминалот од стотици милиони евра со фалсификати и перење пари на Ганиу?

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ЕВРОСТАТ: Македонија е трета по иселување

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

ОД УДАР НА ГРОМ СЕ ЗАПАЛИ БЕЛАСИЦА: Гори на тромеѓето меѓу Македонија,Грција и Бугарија, соопшти Михаилов

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари

Повикот истекува в четврток, имало голем интерес за сезонски пожарникари за плата од 24.000 денари