Добивај вести на Viber
Македонските државјани, по албанските, се најбројни легално вработени работници во Косово.
На Косово моментно легално работат околу 2.400 странци.
Покрај од Албанија и Македонија, меѓу странците што легално работат во Косово има и државјани на Турција, Бугарија, Кина, Тајланд, Хрватска, Словенија, како и на други земји од ЕУ.
Од вкупниот број дозвола за работа на странски државјани, лани биле 1.511, додека останатите 887 таков документ добиле во периодот од јануари до средината на јули годинава, покажуваат податоците на косовското Министерството за труд и социјална политика.
Косовските медиуми оценуваат дека сепак вистинската бројка на странските државјани кои работат на Косово е многу поголема, бидејќи голем дол од нив работат илегално, без дозвола за работа и без да плаќаат данок.
Според Министерството, во 2011 година дозвола за работа од косовските власти добиле 1.951 странци.