МАКЕДОНСКИ ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ: Во однос на лани има раст за 7.4 отсто
Објавено во: Економија 21 Мај, 2020
Македонците земаат повисоки просечни плати од истиот период лани.
Просечната плата во март годинава изнесувала 26.422 денари, или за 7,4 отсто повисока од истиот месец во 2019 година.
Овие податоци денеска ги објави Државниот завод за статистика.
Растот е поради зголемувањето на просечната плата за вработените во образованието, за 12,2 отсто, трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, каде растот е 11,2 отсто и кај преработувачка индустрија каде просечната плата се зголемила за 9,8 отсто во споредба со март, 2019 година.
Но, се намалиле платите на вработените во секторите објекти за сместување и сервисни дејности со храна, за 15,6 отсто, уметност, забава и рекреација, за 15,4 отсто.
Пад има и кај платите во секторот стручни, научни и технички дејности, каде намалувањето е за 9,9 отсто.
Македонскиот работник во просек зема 430 евра, а за споредба во Хрватска просекот е 886 евра.