18 Април, 2024
0.0413

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Нов предмет „Пазар на хартии од вредност“ ќе се воведе во меѓународната гимназија „Нова“ во Скопје наменет за проширување на знаењата на средношколците во оваа сфера. Образовната институција и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија денес потпишаа меморандум за соработка кој ќе резултира со дополнителна едукација на средношколците која ќе ја водат стручни лица од комисијата. Во план е соработката во иднина да се прошири и на други полиња, но првиот чекор ќе биде едукацијата на гимназијалците за хартиите од вредност. 


„Нова“ досега има потпишано меморандуми за соработка со Италијанската амбасада, со Асоцијацијата на наставници по англиски јазик ЕЛТАМ и со универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

- Стана наша практика учебната година да ја почнеме со потпишување на меморандум за соработка со реномирана институција во земјава. Планираме да продолжиме со тоа темпо и понатаму, а нашата главна заложба е да им понудиме на учениците разновидност, проширување на видиците и едукација која ќе ги направи поподготвени за предизвиците кои им следуваат во животот. Чест и задоволство е што денес потпишуваме меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност и се надеваме дека покрај воведувањето на овој предмет, нашата колаборација ќе продолжи да се шири и развива и во иднина – истакнуваат од меѓународното училиште „Нова“.


Целта на секоја соработка е да се збогати образованието и училишниот живот на основците и средношколците во „Нова“.

Можеби ќе ве интересира

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Бидете во чекор со светските модни трендови за вашата матурска вечер

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Вработување.ком: ТАВ Македонија е најпосакуван македонски работодавач за 2023

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Ново екстра модерно казино „Luxor“ сопственост на APEX на граничниот премин Блаце!

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Промоција и дегустација на уникатна колекција вина на Alchemist

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

Паком ги претстави последните возбудливи иновации на Vivax Cool Day 2024

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година

„Макпетрол“ најпосакуван работодавач помеѓу нафтените компании за 2023 година