25 Април, 2024
0.1164

Македонски Телеком ги носи „Звуците на Скопје” на Џез фестивалот

Објавено во: Мои пари 18 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

Како ќе ги опишеш „Звуците на Скопје”!?

За овогодишното издание на Скопје Џез фестивал, нивниот долгогодишен партнер – Македонски Телеком, за вљубениците во џезот подготви уникатен подарок и изненадувања кои на едно место ќе ги спојат музиката, технологијата и долгата љубовна приказна на Скопје и џезот.

Од 18-21 октомври, посетителите на Скопје Џез фестивал ќе имаат прилика на нов, иновативен и интересен начин да ја доживеат оваа приказна преку композицијата која музичарот Ристо Солунчев ја создаде од самите звуци на градот, а за чие слушање и доживување Македонски Телеком се погрижи да овозможи несекојдневно интерактивно искуство. Во режија на Иван Блажев снимен е и видео запис, идеја на Македонски Телеком, инспирирана од Скопскиот Џез фестивал. Видеото можете да го погледнете на следниов  линк.


Оваа љубовна приказна уште не е завршена. Скопје го сака џезот. А и џезот го сака Скопје. Затоа што се исти. Зашто ниедна друга музика не побудува толку спротивставени чувства, толку љубов и толку револт собрани на едно место. Како откачена џез нумера, звуците на Скопје се прекршуваат, изненадуваат, се засилуваат и исчезнуваат, вечно испреплетувајќи се во чудно-хармонична композиција која не си сигурен дали ти се допаѓа, но не можеш да престанеш да ја слушаш.

Скопје живее кога старите тивки џезери измешани и збунети со новите гласни, убави и самоуверени генерации, доаѓаат да слушаат џез. Никој веќе не припаѓа тука потполно, а сепак, сите припаѓаме подеднакво. Како џезот, како градот наш, како ние самите што вечно трагаме по себе и одново и одново се реинкарнираме во нови форми на постоење, на емоција, на звук. Аудио записи од „Звуците на Скопје” може да се симнат на следниов линк-https://soundcloud.com/user-509913340

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет