23 Април, 2024
0.0273

Македонски телеком: Нема 5G мрежа во употреба

Објавено во: Економија 28 Март, 2020

Добивај вести на Viber



„Македонски телеком“ денеска преку соопштение ги демантираше информациите дека е активирана 5G мрежа во земјава.

– Деновиве на социјалните мрежи се споделуваат лажни информации дека Македонски Телеком ја активира тестната 5G мрежа и дека таа има негативно влијание врз здравјето на граѓаните. Без докази и факти  преку споделување лажни вести и стари медиумски написи од 2018 и 2019 година во погрешен контекст, се креира невистинита и негативна кампања за 5G мрежата и се шири непотребна паника во услови кога треба да останеме смирени. Македонски Телеком најодговорно тврди дека нема 5G мрежа во употреба. Надлежните институции немаат спроведено ниту постапка за доделување фреквенции за 5G, се нагласува во соопштението.

Од Македонски телеком посочуваат дека досега е направено прво демо во 2018 и вршени се тестирања за функционирање на оваа нова технологија само во лабораториски услови и на мал ограничен простор во 2019 година. – Така што, неосновани се сите напади дека во моментот се вршат масовни тестирања низ државата, велат од Македонски телеком.

Посочуваат дека Агенцијата за електронски комуникации редовно врши мерења за нејонизирачко зрачење и оти во декември лани се направени тестирања на пробната 5G инсталација, при што е констатирано дека вкупното зрачење на ограничениот простор за 5G тестирање е далеку пониско од максимално дозволените граници (http://aek.mk/).

– Како лидер во новите комуникациски технологии, нашата цел е да ги донесеме најновите технологии во корист на граѓаните и целото општество, но притоа да ги следиме сите безбедносни чекори во соработка со надлежните институции и државата. Во ситуација на пандемија во светки рамки, наш приоритет е да обезбедиме непречена комуникација преку постојната инфраструктура. Да не дозволиме лажните вести и напади да креираат паника меѓу граѓаните, порачуваат од Македонски телеком. 

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

ДВЕ ДАМИ ДА ВЛЕЗАТ ВО ОДБОРОТ НА ДИРЕКТОРИ НА „ЕВРОПА“ - предлог на акционер од фабриката за чоколади

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ПЛАТИ 93 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 55 АКЦИИ - „Реплек“ станува сѐ поинтересен за инвеститорите

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

КОЈ ЗАРАБОТИ 1,5 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ИЗВОЗ НА ЈАГНЕШКО ЗА КАТОЛИЧКИ ВЕЛИГДЕН? Целиот извоз бил пласиран во Хрватска

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЧИСТЕЊЕ, ГОТВЕЊЕ, ПЕГЛАЊЕ: Жените кои се презафатени или имаат стари родители бараат куќни помошнички

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

ЕВЕ КАКО „ЛИДЛ“ ВО МАКЕДОНИЈА ГИ ПРЕЧЕКУВА НОВОВРАБОТЕНИТЕ: Пред еден месец вработени 37 лица во логистика, финансии, продажба дистрибуција...

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

СО „ПОЗАЈМИЦИ“ СЕ ГАСАТ ШТРАЈКОВИ И ПРОТЕСТИ ВО ДРЖАВАТА: Заеми се земаат од подоховни акционерски друштва

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ВО РЕГИОНОТ: Сакаат да ја вратат платата во плик

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЦЕНАТА УРИВА РЕКОРДИ: Тон какао чини 11.000 долари

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените

ЕВЕ КОЈ ТРЕБА ДА ЧЕКА ЗА УТРЕ ДА „НАТОЧИ“ ГОРИВО, А КОЈ ДА ПОБРЗА - возачи, РКЕ ги објави цените